Освен вечерните тоалети, козметиката, обувките, сместувањето и авионските карти, на девојките им се потребни околу 1.000 евра за останати трошоци при учеството на светскиот избор за убавина, вели Катарина Прњак. Поранешната Мис на Хрватска вели дека квалитетот на изборите за Мис на Хрватска е намален, бидејќи има премногу избори што се организираат за профитирање.Катарина откри корисни совети за девојките кои одат на светскиот избор за убавина.
Порака до девојките што доаѓаат на светскиот избор за убавина?
Најважно е да бидат среќни и задоволни, бидејќи се наоѓаат помеѓу 150-те најубави жени во светот.
Како мисицата треба да се подготви за тој избор?
Мисицата треба да вежба, да ја одржува линијата, да го усовршува јазикот, да вежба за одредени точки што се бодираат на светскиот избор, а со подготовките треба да се почне веднаш по одржувањето на националниот избор.
Која е улогата на Дирекцијата?
Дирекцијата има важна улога во подготовките, бидејќи мисиците најчесто се со врзани раце. Така, Дирекцијата зема сѐ на својот грб – од подготовката на мисиците за сите точки, плаќањето на хонорарите, па сѐ до обврските. За останатите трошоци, на мисицата ѝ се потребни околу 1.000 евра.
Пречки?
Лошата подготвеност.
Според Вашето мислење, што се случи со изборите за убавина во Хрватска?
Квалитетот на изборот е намален, бидејќи има премногу избори кои се организираат поради остварување на личен профит.
Што им е најтешко на девојките на светските избори?
Најтешка е самата помисла на тоа дека се недоволно подготвени, а уште полошо е кога ќе ги видат останатите мисици како доаѓаат во друштво со стручен тим на визажисти, стилисти и фризери.
Дали треба да се зближат со останатите девојки на изборот?
Сметам дека треба. Во секој случај е полесно, а се стекнуваат и убави пријателства за цел живот. Јас останав во контакт со поголем дел од девојките, некои се омажија, родија деца…
Што најмногу паметите од светскиот избор за убавина?
Поминавме навистина многу убави денови со девојките од другите земји. Спиевме во дворец и бевме третирани како кралици. Доживеавме многу убави искуства и максимално се трудевме да се чувствуваме посебно.
Што би нагласиле?
Поминаа скоро пет години, а јас и понатаму работам и живеам од тоа. Најважно е мисицата максимално да ѝ се посвети на нејзината работа и да ја сфати сериозно, бидејќи и други ќе ја ангажираат. На почетокот ќе има многу кастинзи, но затоа подоцна ќе има можност за директно ангажирање, што е најдобриот дел од оваа работа.
Која е улогата на родителите?
Родителите имаат голем удел во целата работа и тоа на финансиски план, бидејќи она што Дирекцијата го овозможува е минимално. Затоа, на родителите не им е лесно кога знаат дека поради договор мораат да го пратат своето дете во непозната земја без надзор и секој ден да исчекуваат повик или порака, како и да ги одбројуваат деновите до враќањето.
*Интервјуто и фотографиите се преземени од Scena.hrКатарина откри корисни совети за девојките кои одат на светскиот избор за убавина.
Порака до девојките што доаѓаат на светскиот изб