Ексклузивно интервју со Бакир Турковиќ: Одлуките во животот секогаш ги носам искрено и од срце…

Пулс24 направи ексклузивно интервју со финалистот од музичкото шоу  „Zvezda Granda“- Бакир Турковиќ, кој што неодмана ги освои сите со својата нова песна „Zapali se“ која стана вистински хит за рекордно време.  Бакир беше љубезен и реши да одговори на нашите прашања и да открие повеќе информации за себе но и за своите идни планови.Бакир, како сте ?
– Благодарам на прашањето, одлично се чувствувам. На почетокот од ова интервју би сакал да ви се заблагодарам вам како екипа, се надевам дека ќе ги исполнам вашите очекувања и ќе ја оправдам довербата која ми ја пруживте.
 
Делувате доста повлечено, не правите скандали. Мислите ли дека тоа е потешкиот пат до популарноста ?
–  Секој од нас си го избира својот пат. Одлуките во животот секогаш ги носам искрено и од срце. Многу пати сум платил за таа моја искреност, но таков човек сум, не можам да се менувам. На ист начин функционирам и во професијата, секако дека тоа е потешкиот пат, но публиката е таа што го дава последниот збор.
Дали си бил во Македонија и дали имаш пријатели од Македонија?
– Да, сум бил во Охрид. Тоа е навистина срцето на Македонија. Секако дека имам многу пријатели, мојот РR – менаџер е Жика Кочарев.
Квалитетната поп-музика е се поретка на нашите простори. Според вас, дали е подобра квалитетната или пак комерцијалната музика ?
– Како што рековте, квалитетната музика е ретка , но ја има. Секој од нас избира каква песна ќе сними, јас лично секогаш сум за квалитетна музика.
 
Дали сте емотивно исполнети и среќни ?
– Во моментот не сум емотивно исполнет, но тоа не значи дека не сум среќен.
 
Патувањата ви се голема страст. Каде планирате да го поминете оваа лето ?
– Ова лето ќе го поминам во Црна Гора и Хрватска. Таму имам доста настапи, па ќе се потрудам да го искористам она малку слободно време што ќе го имам за одмор.
 
 Дали се каете за нешто во животот ?
–  Секој од нас прави грешки во животот. Никој не е безгрешен, па ни јас. Но најважно од сė е што тие не се којзнае какви грешки. Па така да нема нешто посебно поради кое би требало да се каам или не дај Боже да ми е срам.

 
Како би го опишале вашиот секојдневен живот?
– Живеам нормален живот како и сите останати . Тоа што професијата која ја одбрав е јавна и поврзана со медиуми не ме прави посебен од другите.
 
Кој е најубавиот комплимент кој сте го добиле ?
– Дефинитивно тоа беше комплиментот од госпоѓата Снежана Џуришик, по мојот прв настап на Гранд. Ќе ја цитирам: ̋ Бакир, ти си дете невиден шармер, и згора на тоа имаш фантастичен глас, ти ќе бидеш голема Sвезда ̋ .
 
Кои пејачи/пејачки лично ти сакаш да ги слушаш?
– Има доста пејачи коишто приватно сакам да ги слушам. Пример, сакам да го слушам човекот со ангелски глас Тоше Проески, тука се и Саша Матиќ, Здравко Чолиќ, Дино Мерлин и уште многу други. На нашиот Балкан има навистина добри пејачи.
 
Која е според вас смислата на животот ?
– Според мене смислата на животот е да бидеме секогаш гордо исправени пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов.
 
Kакво детство имавте ?
– Детството е најубавиот, најбезгрижниот и највеселиот период на секој човек. Спомените од детството остануваат длабоко врежани во срцата на секој и траат се додека чука срцето.
 

 

Дали се поврзувате емотивно со песните коишто ги пеете ?
– Секако дека песните коишто ги пеам најпрво мора да ги доживеам лично јас. Кога пејачот лично ќе ја доживее песната којашто ја пее, публиката тоа одлично го забележува.
 
Дали би се пријавил на аудиција за „ Sвездите на Гранд “ доколку победивте во шоуто „ Sвезда можеш да бидеш ти “?
– Доколку победев во шоуто „ Sвезда можеш да бидеш ти “ , ќе имав договор на определено време со телевизија Хајат и немаше да имам право да се пријавам на никое друго натпреварување, се додека не ми помине договорот.
 
Со оглед да пеете поп-песни, зошто се определивте за „ Sвездите на Гранд “?
– „ Sвездите на Гранд “ е најсериозно натпреварување за млади таленти. Самата продукција многу се разликува од сите останати. Нема место за споредба со другите шоуа. Овде се работи за професионален тим, којшто работи со нас 24 часа.
 
По што се разликувате од останатите натпреварувачи во музичкото шоу ?
–  Можеби тоа што јас бев најопуштен на сцената. Сите мои колеги имаа проблеми со тремата, сепак излегуваш на сцена и треба да пееш пред 5 врвни музички критичари. За разлика од нив, јас бев опуштен и нормален.

 
Мислите ли дека поп-музиката може да се исплати во „ Гранд “ ?     
    – Секако дека може. Квалитетната музика секогаш го наоѓа правиот пат до публиката.
 
Дали ве запираат по улиците, какви се реакциите ?
– Од кога почна натпреварувањето „ Sвездите на Гранд “ морам да признам дека почна со неверојатна брзина да расте и мојата популарност. Луѓето почнуваа да ме препознаваат на улиците, барат од мене да се сликаат, да им потпишам автограм. Реакциите се фантастични но, и луѓето се искрени (се смее)
 
Дали ќе живеете во Белград или ќе бидете на релација Пријепоље – Белград?
– Па се зависи од обврските и концертите. Јас би сакал да сум на релации Пријепоље – Белград.
 
Имате ли понуди за настапи ? Каков е интересот на публиката ?
– Настапи имав и пред натпреварувањето. Но после натпреварувањето и објавувањето на мојата прва песна “ Запали се “ интересот на публиката е огромен а тоа ме прави посебно среќен.
 
Кој е ваш музички идол ?
–  Мојот музички идол е Тоше Проески. Тоше беше пејач со ангелски глас. Македонија треба да биде горда на него.
 
Каков жанр ќе биде вашиот следен албум ?
 Албумот ќе биде составен од забавни и народни композиции. Се секоја душа по нешто. Ќе биде фантастично.
Во продолжение уживајте во неговата прва песна
 
Бакир, како сте ?
– Благодарам на прашањето, одлично се чувствувам. На почетокот од ова интервју би сакал да ви се заблаго

Пронајдете не на следниве мрежи: