Целта на Путин е создавање контрабаланс на многуте американски и европски невладини организации во Србија. Се испостави дека Никита Бондарјев, висок научен соработник на Рускиот институт за стратешки истражувања (РИСИ), не е дојден во Белград само поради саемот на книгата, туку и поради воспоставување на седиште на РИСИ во истиот град.- Секако дека ќе бидам на Саемот на книга, но основната причина за моето доаѓање е отворањето на седиштето на РИСИ на 26 Октомври во Белград. Тоа ќе биде првото претставништво на некоја руска невладина организација во странство. Ќе имаме правно лице со свој статут и печат, организација која ќе може да стапува во правен контакт со српски организации – изјави Бахдарјев за веб-порталот „Јединица“ на 23 Октомври 2013.
Риси е веќе познат во Русија, како некоја руска варијанта на Карнеги фондацијата?
– Може така да се каже. Постоиме од 2009 година, како дел од администрацијата на претседателот, а целите и смисолот на работа на институтот се изработка на аналитичка продукција, која потоа се проследува до претседателот, но не директно до него, туку преку институциите, преку руското МНР, преку агенцијата за меѓународна соработка, или пак преку здружени компании како „Гаспром“.
Што очекувате од присуството во Србија, а што може Србија да очекува од вас?
– Во последниве 18 месеци се зголемува руското присуство во Србија. Русија сака да е присутна во Србија, а тоа веќе го прави преку економските корпорации и културата. Но, Русија е заинтересирана да присуствува и во ваква форма на јавна дипломатија, која сметаме дека на Србија и е потребна. Русите чекаат во Србија, и затоа е потребна политичка програма во која би се формулирале тезите за присуството на Русите на Балканот.
Дали може да се очекува таква програма?
Да, таа е во фаза на обработка. Нашиот институт работи на тоа, но се соочуваме со отпор од страна на нашите геополитички противници, на кои и ваквото мало присуство на Русите во Србија не им е поволно. Ги плаши помислата тоа присуство да не се продлабочи и да не се осмисли подобро.
Што би можела да биде содржината и основната идеја на тој документ?
– Тоа е идеја која ја изнесе директорот на РИСИ, Леонид Петрович Решетњиков, за време на посетата на Балканот во Јуни 2013. Главната идеја е Русија и Србија да не се загубат една со друга, туку да останат заедно.
Меѓутоа, не е ли тоа спротивно на тезата која често се слуша, за тоа дека Србија и Балканот не се приоритети во новата руска корпорациска политика, објавена во Февруари 2013?
– Ве уверувам дека тоа е измислица на нашите противници. Можно е тоа да не е јасно формулирано во доктрината за надворешната политика на Русија и дека Балканот можеби не е приоритетен за Русија како Кина, но би било вистинско злосторство да се рече дека Балканот не и е важен на Русија. Ако некој во Србија рече „Русија не заборавила“ воопшто не е во право. Можно е да не постои разбирање за тоа што и како овде треба да се работи, дека ја нема таа политичка програма, но нашиот државен врв совршено го разбира значењето на Балканот за Русија. Тоа можам со сигурност да ви го гарантирам.- Секако дека ќе бидам на Саемот на книга, но основната причина за моето доаѓање е отворањето на седиштето на РИСИ на 26 Октомври в