Ако е нешто сигурно, тоа е дека со нас, или без нас, утре ќе биде нов ден. Па при бидејќи, тоа е единствено нешто сигурно во Македонија… да се фокусираме на утрешните денови, ова денес и сега е помалку или повеќе јасно.Јасно е дека на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ. Со 17.000 гласови повеќе ја поразија политиката на Зоран Заев, шеф на СДСМ во оставка. Дали е тоа многу или малку е работа на личен вкус, но кога победата ќе се стави во контекст на околностите во кои е извојувана, тие 17.000 гласови вредат барем пет пати повеќе, особено кога се виде дека СДСМ за двете години кампања и изборите извади толку многу пари за купување гласови што и на дете му е јасно дека парите имаат доминантно странско потекло. Се работи за најмалку 20 милиони евра црни пари потрошени за СДСМ да победи. И – пак загуби.
Еве ги парите. Две години пред изборите од црните фондови покрија околу 3 милиони евра стари долгови на партијата. Дел од тоа се пари од фирмите на Заев товени со манипулации преку јавните набавки во Струмица и Куманово, вклучително и “Струмица гас”, со кои Заев си купи ја функцијата претседател на СДСМ.
Телефонските разговори се рудник за пари за СДСМ, за нивните функционери и криминалните соработници. За потреби на овие избори, од десетина силни фирми, СДСМ доби околу 6 милиони евра донации за изборите. Шест милиони изрекетирани пари.
Најмалку два милиони евра СДСМ и Соросоидите потрошија за две и пол години платени демонстрации, митинзи, пропаганден материјал, трошоци за протестите, поткуп на функционери во МВР како Зоран Верушевски и неговите за да им се обезбеди, надвор од закон, снимање функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни соговорници.
Да се потсетиме на снимките од разговорите помеѓу Заев и Верушевски, како и помеѓу Верушевски и неговите добавувачи од МВР дека како награда им се обезбедени пари и скапи коли… Да се потсетиме на документите со кои ни се покажа дека лидерите на протестите се плаќани, во просек, по 10.000 евра, како и плаќањата за јавната логистика на протестите. Само фамилијата на Љубомир Фрчкоски на чело со него ќарила 35.000 евра.
Јавен е податокот и дека на нивните портали и телевизии како Телма и Алсат од дипломатски фондови, за овие две години, им се исплатени околу 3 милиони евра за да шират партиска пропаганда, хистерија и да дигаат народ против ВМРО-ДПМНЕ.
Овде не се пресметани парите давани на движењето Беса, од исламските фондови од арапските држави и Турција за влез на радикален ислам во Македонија, и употреба на исламистите против македонските институции и ВМРО-ДПМНЕ.
Не се пресметуваат ни 4 милиони евра годишно кои ние ги плаќаме на СЈО и Катица Јанева кои, и де факто и де јуре, се пари со кои се плаќа неуставни институција да врши притисок, пропаганда и прогон против ВМРО-ДПМНЕ и нивни поддржувачи, а патем да вработува и ангажира активисти на СДСМ плаќани од наши, државни пари.
Со сите овие пари, заедно со парите да општинската администрација во Скопје, Куманово и Струмица, како платена војска за агитација и протести, над две години се плаќаат повеќе од 5.000 луѓе кои директно се обврзани да работат, протестираат, агитираат и демонстрираат против ВМРО-ДПМНЕ, владата и за уривање на државните институции, како и напади врз неистомисленици, напади врз медиуми и новинари.
И ова не е се.
Надвор од секоја политичка и законска пракса во Европа, од домашни криминални кругови во МВР дополнети со материјали до странство им се обезбедија незаконски туѓи телефонски разговори кои, уште понезаконски, инсертирани и монтирани јавно се објавуваа со цел уривање доверба во државата и државните институции, понижување и компромитирање на јавните функционери и други лица за кои СДСМ и Заев процениле дека имаат големи влијание, дека се пречка за нивните планови и за државен преврат.
Снимани се и објавувани само функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни соговорници. До ден-денес не слушнавме ниту еден разговор на функционери на СДСМ, и останува само да претпоставуваме што и зошто кријат од јавноста.
Се бараше насилна промена на власта заради наводното прислушување.
Да се потсетиме. Во истиот тој период Германија ги фати ЦИА и САД како прислушуваат членови на германската влада, на чело со Ангела Меркел. Барак Обама и Вашингтон ја признаа вината – и толку.
Дали Обама и шефот на ЦИА поднесоа оставки… не. Дали шефот на германското разузнавање БНД, Шиндлер, кој соработувал со ЦИА поднесе оставка – не. Дали низ Германија, или во САД, заради ова имаше демонстрации, кршења, насилства… не!
На самиот ден на избори, преку посредници, од фондот на СДСМ се купувани гласови на сиромашните Роми и од локални Албанци. Купувањето, во еден мал дел, е фатено и веќе се водат постапки за тој криминал во Куманово, Струмица, Тетово… Албанските гласови се купувани по 100 евра за глас. Ако е видно дека СДСМ добиле околу 50.000 албански гласови, пред се на штета на ДУИ и ДПА, овој трговски изборен инженеринг за потреби на СДСМ е платен со најмалку 5 милиони евра.
Со ова СДСМ го доведе во прашање постоењето и иднината на ДУИ и ДПА. Со ова СДСМ преку форсирање на Беса внесе исламски радикализам во Македонија.
Во такви околности, две години градена хистерија и агресија врз една политичка опција и гарнитура, ВМРО-ДПМНЕ на крај – победи со 17.000 гласови предност! И покрај сиот овој подземен инженеринг платен најмалку 20 милиони евра, и туркан над две години, ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги сочува своите 455.000 гласачи, и да победи.
По изборите СДСМ, се обидоа да извршат нов државен преврат.
За да го намалат бројот на пратеници кај Груевски поднесоа измислени жалби и барање за прегласување исклучиво во чисто албански средини каде, согласно праксата, можат дополнително да купат нови албански гласови. Овие осум приговори беа до толку неосновани што дури и нивните членови во ДИК за два гласаа против, а два повлекоа.
Две години молчење и трпење напади врз држава и државни институции, агресија, насилства и понижувања врз себе за 455.000 гласачи, особено на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се долг, многу долг период на тотално трпение и воздржување. Без човек да се разбира во политика, логички е и секому јасно дека тоа има крај. И дома да ти се случува, а не на јавна сцена, по две години газење врз тебе без отпор, експлозијата би била страшна.
Ноќите кога граѓани и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, по грипозен декемвриски студ, се собираа пред ДИК, беа ноќи на големо искушение за нив, и за Македонија. Две години гнев беа пред експлозија. Две години страв од бришење на Македонија, губење на пензии, субвенции, стипендии… губење инвестиции и работни места… две години молчење во кои се чекаа избори и крај на кризата. Се чекаше победата која дојде.
Во најголем дел присутните беа луѓе собрани со повик преку социјалните мрежи. Меѓу нив и ризични групи, бранители од војната 2001, исплашени кои живеат блиску до албанските општини, пензионери и државни службеници на кои им се закануваат црни денови… ризични групи од млади, гневни и силни спремни на се.
Тие две ноќи, за среќа, поминаа мирно. Дали ВМРО-ДПМНЕ имаше некои намери. Не, да имаше таму ќе беа најсилните авторитети и организатори на партијата како Никола Груевски, Нино Тодоров, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски или Гордана Јанкуловска.
Кога партијата ќе има намери, на тие места и во такви времиња ќе ги видите и нив. Груевски се појави на крај, да соопшти што е следно, и да ги испрати гневните дома.
И, што сега. Што останува за утре.
ВМРО-ДПМНЕ десетти пат е победник на изборите, и ќе добие мандат за влада.
Дали во таа влада ќе влезе ДУИ, како победник во албанскиот блок? Под притисок се на Тирана, Берлин, а секако и на американскиот амбасадор Бејли да не прават владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, да се формира широка влада со сите, која ќе има задача да го смени името според планот на Атина, и да се спроведе двојазичност и кантонизација. Тоа не е тајна. Истите тие го поддржуваа и финансираа Заев да го направи тоа сам.
Дали тоа ќе се случи.
Тешко, речиси сигурно е дека тој план нема да се оствари. Прво, ДУИ нема интерес да работат сами против себе, и ставаат во влада конкурентски партии како Беса кои туркаат радикален ислам, спротивно на нивниот цивилен и проевропски концепт.
Второ, ВМРО-ДПМНЕ сосема сигурно нема да прифати влез во таква влада, и со такви цели, а без ВМРО-ДПМНЕ ниту една уставна промена: статус на СЈО, двојазичност, кантонизација… не е можна. Груевски е длабоко свесен за таа своја предност.
Влада на сите албански партии плус проалбанскиот СДСМ е – албанска, а не македонска влада. Таквата албанска власт ќе биде укочена: нема инвестиции, ќе се зголеми невработеност, ќе има масовни отпуштања во јавниот и приватен сектор, пад на пензиите и запирање на градежни активности. Колапс за економијата, без сомневање.
Забавите кои ќе ги прави СЈО и таа албанска власт нема да бидат надомест за загубените пензии, работни места, пад на економијата и општата несигурност.
ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ќе дејствуваат од улица, но за разлика од двете студени ноќи пред ДИК, на улица со демонстрантите ќе бидат и Груевски и најблиските негови.
На пролет ќе имаме нови, локални избори. Во таква тензична атмосфера, со уривање на државата и економијата од албанска влада на чело на Македонија, а со комплетен ВМРО-ДПМНЕ на улица – јасно е како ќе се одвиваат работите.
На локалните избори СДСМ нема да има ниту вакви пари, ниту можност да купува албански гласови и турка советници и градоначалници на СДСМ во Арачиново или Чаир. Вашингтон ќе има нова власт, а Бејли ќе биде пред заминување. Заев е веќе во оставка.
455.000 победнички гласови решија што треба да биде утре.Јасно е дека на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ. Со 17.000 гласови повеќе ја поразија политиката на Зоран Заев, шеф на СДСМ во оставка. Дали е тоа многу