Долги години клетите Грци не ги пуштаа децата кои смислено ги прогонија од родните огништа да се вратат назад,па макар и на еден ден.Тоа беа тешки години.Тие деца пораснаа во зрели мажи и жени,чии лузни останаа засекогаш длабоко врежани во нивното невино срце и душа. Евакуацијата ,на децата беше од шест месеци до 15 години,а таа била организирана пред се од селата во Леринска,Костурска,Воденска околија.Тоа беа села со македонско неселение. Во 1948-1950 година беа протерани повеке од 100000 деца и возрасни грагани,а започна на 4 март 1948 година. Велат некои деца бегалци, а како ли можат мали деца да бегаат? Како ли знаат? Тие никогаш не биле деца бегалци,тие беа деца протерувани,прогонувани,угнетувани,бркани,гонети,тепани,и насилно иселувани. И уште полошо беа раселувани на две или повеке места да не бидат заедно брат и сестра и што уште не. Тоа беше смислена политика,да се протераат за никогаш да не се вратат.Тие невини деца во организирани групи предводени од т.н.мајки ја преминуваа границата со Албанија,тогашна Југославија,всушност границата на Република Македонија.Потоа оттаму продолжија со воз,но со товарни вагони за стока,за Унгарија,Чехословачка,Романија,Полска. Во наведените држави децата ги прифатија и им дадоа прва хуманитарна помош органите на Црвениот крст и органите на власта. Децата беа прифатени,избањани,исчистени од вошки,преоблечени и медицински прегледани.Некои деца беа болни од црна кашлица,заушки,тифус,туберкулоза и други заразни болести.Тие деца ,пристигнаа во многу тешка и жалосна здравствена положба,беа слаби,валкани,немиени,ненахранети и психички нарушени.Во детските домови,каде беа сместени,владееше строга воена дисциплина со строг воен режим. На тие невини деца најмногу им недостасуваше мајчиниот збор и мајчинската прегратка од која беа доживотно лишени. Многу од тие деца не си го знаеја датумот и годината на рагање.Сами си избраа месец,датум и отприлика година на рагање. Сите деца ги школуваа,некои од нив завршија средно,а некои високо образование.
“Збогум мајко, збогум татко, збогум мили роднини, јас одам на далечен крај”-децата ја пееја оваа тажна песна,не знаејки каде одат.
“Граѓанската војна остави свои траги врз тие деца. Ноќе, додека спиеја, децата беа прогонувани од халуцинации. Содржината на тие халуцинации беа фашистите со автомати и со ножеви в заби, кои се качуваат по скали и низ прозорците влегуваат во нивните спални, ги газат нивните бовчи и нив самите. По цели групи деца бегаа од спалните, ноќе ги напуштаа своите кревети, се подготвуваа за бегање и чекаа наредба – кога да заминат”.Овие зборови ќе ги забележи директорот на Државниот воспитен центар во Лондек – Здруј магистер Вацлав Копчињски за драмата на децата-бегалци во првите месеци по пристигнувањето во Полска. Копчињски вели дека децата биле во постојана психичка вкочанетост, од која ги оттргнувала само бучавата на трактор, брмчењето на авион или некоја друга појава. “Тоа беше група што личеше на затвореници испратени на заточение. Се добиваше впечаток дека децата биле специјално така подготвени. Затворени во себе и во своите бовчи. Размислуваа слично и имаа нервозни, некоординирани реакции, беа слични на автомати”, го слика заедничкиот портрет на малите дечиња оттргнати од своите родители и однесени во друга земја.
Трагедијата што ја истрга македонскиот народ,прогонет народ,со зборови не се докажува,е многу голема,е многу тешка,е многу страшна-како бура да помина и крена се,и дрва,и куки,и луге,и деца оддели од мајки.
Тие деца се сега стари мажи и жени,кои сеуште се борат за Македонија,и се големи патриоти.Во нивните срца и душа тешко може да се допре.Но,кога ке се допре тие ја отвараат својата душа,и раскажуваат,се навракаат на детството,чиниш се мали деца,плачат,се смеат,додека раскажуваат за годините минати во пеколот низ кој минале.Толку се невини,искрени,полни со љубов,разбирање….А,во себе некаде длабоко ја кријат омразата и револтот кон оние кои тоа им го направија.Тие деца пораснаа во зрели мажи и жени,чии лузни останаа засекогаш длабоко врежани во нивното невино срце и душа. Евакуацијата ,на децата беше од ш