Големите историски искушенија на секој народ се можност за потврда на неговата политичка зрелост, а токму таквата зрелост е потврда на принципот vox populi –vox dei (гласот на народот е глас Божји). Од друга страна, севкупната историска и неисториска негова егзистенција не е и не може да биде ништо друго освен едно постојано и неизбришливо небаре пиреј, неуништливо и издржливо историско искушение, коешто го храни нашиот ген како таков. Тој наш ген е политички писмен ген, а неговата азбука е ѕвезденото небо, во коешто милениумскиот роб си ја бара својата ѕвезда водилка и си ја наоѓа својата мајка родилка, која раѓа секогаш „едно чедо повеќе“ отколку што ќе потоморат разноразните политички тезгароши и купи-ден – помини ебиветри.
Денес се роди Војвода. Од него се уплашија дури и оние, кои сонуваа да го заменат откако темелно ќе го избербатат!?
Јасно им е дека Тој ќе се прошета малку низ Македонија и ќе се врати на бел коњ.
Од поодамна веќе јасно им стана дека со Војводата Никола Груевски не можат да го откорнат срцето на народот и дека мнозина од нив самите себе ќе се маскираат и костимираат во – народ!
Од најголеми улижувачи исфарбани во идеи со фабричка мана, ќе се престорат во смрдливи каци со кисела зелка само и само да бидат близу до него, за секој случај.
Само едно не им е јасно, а тоа е дека народ не може да се глуми. Уште помалку да се глумата. Затоа и се глупираат пред него без срам и перде. Но, и токму затоа ќе си останат цел живот само перде, кое збирајќи ја сценската прашина, шмира класика.
Да си ВМРО ДПМНЕ не подразбира глумење лудило, нити глуматање полза од бидувањето. Или си или не си Патриот. Сите кои што се прават курнази се зезнале јако или ептен јако.
Никола Груевски со овој маневар ја урива една од најголемите предрасуди во кои живееја многумина и живеевме сите ние, а тоа е комунизмот. Комунизмот мора да се трансформира, зошто тој е предрасуда, а секоја предрасуда е лага, која најчесто завршува со трагични последици.
СДСМ во Распаѓање ја загубија можноста на кланицата да и дадат смисла.
Бесмислата на СДСМ во Распаѓање е неотповиклива веќе подогло време. Нивната биолошка, морална, ментална и психичка астенија, нивната одамна пресушена верилност, нивните старечки фрустрации и паники се само симптоми кои повикуваат на трансформација, или преод од една во друга состојба.
СДСМ во распаѓање, Војводата Никола Груевски го нарекуваат фашист и диктатор, а Тој, најголемиот преродбеник ја издигна Македонија од тињата на непостоењето на картата на Светот, со поддршката на Македонскиот народ.
Фашисоросоидно е да клеветите човек кој работи за доброто на сопствената Татковина и за нејзиното воздигнување на економски и политички план.
Фашисоросоидно е да клеветат Човек, кој го брани идентитетот и името на својата држава како да си го брани сопствениот живот.
Фашисоросоидно е да натерате 400 деца да ви ја бранат линијата на лагата и измамата.
Нема веќе изговор за бесмислиците на СДСМ во Распаѓање. Нивната идеологија претставува најсофистициран облик на самоизмама.
Кој лаже друг, себе си се лаже. Кој краде, да му се исуши раката. Кој го издава Македонското име и идентитет, јазикот сопствен да си го откорне !!
Македонскиот народ нема да дозволи рушветот на СДСМ во Распаѓање да стане критериум за вредност на постоење. Преку абракадабра и измамнички потези, не само што нема да дојдат на власт. Тоа е веќе јасно. Туку ќе мора и да преземат одговорност за бомбашките напади.
Господ да не пази од општество во кои би владееле црпнати што мислат дека можат се, а не знаат ништо !!
Македонскиот народ, како никогаш до сега е зрел и сплотен во алката на правдата, вистината и верата.
Она сме што ќе бидеме !! Сега сме посилни и посплотени од секогаш, а иднината со ваква сплотеност е кристално јасна.
Датум- 24 Април, 2016-та
Резултати- апсолутна победа на ВМРО ДПМНЕ!!
Прослава- во име на Вистината!!
Завист?? Нема да има. Зависта умира од завист!!
Шетачи и скитници маскирани во боите на ВМРО ДПМНЕ, марш дома. Никогаш не сте биле со чесни намери и никогаш нема да бидете !! Лавовите ве мирисаат на далеку !!
Пишува: Мери ГеоргиевскаОд друга страна, севкупната историска и неисториска негова егзистенција не е и не може да биде ништо друго освен едно постојано и неизбришливо неба