Дудинка.мк: Колумна на Миленко Неделковски за шамарите, металните шипки, исшамараните и “ранетите“… Најнапред, тврдам дека нападите “со метални шипки“ од страна на “3-4 напаѓачи“ ги сметам за измислени, исто како венецот на вратата на Борјан Јовановски, од страна на самите нападнати. Кога некој, било кој, би бил нападнат со метални шипки и тепан, повредите како овие на Кривопаланчанецот што должи на цела Крива Паланка и пола Куманово (аххх, па и Куманово голем град?!) и оние на Шамарлитико, не би изгледале вака. Прво, од тричетворица не се бега така лесно. Второ, ако те паднале на земја и продолжиле да те тепаат по глава со “метални шипки“, најлесно што можеш да пројдеш е со потрес на мозокот. Толку тепње за многуми би значело и смрт.
Значи, овие двајца не се нападнати и тепани така како што они претставуваат. Во двата случаи се работи за лица со тешки психички пореметувања, голем провинциски комплекс и огромен проблем со веселата брачната содружничка. Такви полутани може да користи секој. Ова не е конспирација од типот на Американска амбасада и ИРИ-Сорос режија, туку медиокритетска замисла на залутани луѓе. Несреќите до таа мерка се изглупирале што постирале фотки кои во старт го демантираат настанот. Со раката која е скршна, и која на сликите подоцна е целата во гипс до лакт, предходно да вртиш телефонски број, лагано да го држиш мобилниот на увце, и да се служиш со неа во моментите, кога нели веќе е скршена, е момент на бламажа на целиот замислен ивент.
Колку да не се заборави, слично промашување имаше и со венецот на Јовановци.Еден пријавија на врата, друг покажаа пред Владата. Значи исти сценарија, исти глупирања…
Што се однесува до шамарите попиени од Сарма (тој ми е фејворит) и Пешевски, сметам дека секој маж чија приватност ќе се наруши од страна на идиот, природно е да реагира така. Шамарлитико, како што може да се забележи, не се доближува да “интервјуира“ некој како Тони Шанац, Филип Петровски, Урко или мене. Знае што и како ќе добие.
Но, кога сме веќе кај шамарите, кај вистината, кај демократијата, кај слободата на изразувањето, кај тоа дека јавните личности мора да се помират со тоа дека ќе се атакувани од идиоти… Интересен е громогласниот молк, тоталната групна амнезија, соросоидни-американската заборавност на тоа дека покрај Пешевски и Сарма, и уште една особа го исшамара Шамарлитико. Како, бога ти, се заборава кој тоа прв започна?! Толку ли е мал капацитетот на сивата материја во главите? Или, тоа намерно се прави бидејки, нели според Орвел (омилениот на Милчин) “сите се исти, само некои се поисти од другите“.
Прв(а) од кого попи шамар Шамарлитико е уредничката на хард кор опозициониот “Утрински весник “ Соња Крамарска. Како, мајку му, го забораивте овој моменат?! Првиот шамар, 33% од шамарите што Шамарлитико ги попил, шамар толку јак што му го исфрли телефонот од рацете… Не се сеќавате, а? Пааа, еве ви видео… И аудио…
Како тоа, драгата Лубенца Мијатовиќ, соросписките порталчиња на мажите со сомнителен промискуитет како Кабранов и Јовановски, разните заштитници на човековите права, кога набројуваат “напади“ и шамарања, не се сеќаваат на овој настан што се случил на официален прием оваа година? Како и зошто?
Пааа, затоа што ова има за цел манипулација и намера, ВМРО да се претстави како насилничка руља, нецивилизирана група…
В исто време, колективно се заборава минатото кога СДСМ киднапираше жени во Собранието. Кога Милетиќ го напдана Илија Димовски. Колективно ги забораваат насилничките однессувања и напади на Аднан Ќахил, Стојанче Анѓелов, Петрит Сарачини, братучедот на Шекеринска Никола Наумовски… Некако слабо сеќавањето, мајката, како Наумекс пред вратата каде е на работно место Антонио Димитриевски, нападна со тупаници?! Слаба меморијава, а само еден спрат погоре во истата зграда живеат родителите и сестрата на Радмила Шекринска. Да повторам, слабо меморија, значи?
Новинарството, иако Шамарлитико и должникот од Крива Паланка (само на Даути комерц му исплатил све) тешко може да се сместат таму, е опасна професија. ОПАСНА. Новинари гинат низ светот, на боишта но и во атентати. Напаѓани се, тепани, убивани. Ако некој сака да ги покаже муслиманите како убијци на новинари, ќе ги извади тие примери. Ако сака некој Русите да ги направи тепачи на новинари, ќе ги вади руските примери. Ако сака некој американците да ги направи дека убиваат новинари, ќе ги посочи нивните примери. Еве на пример, како во 2013-та во Калифорнија ЦИА го уби новинарот/писателот/истражувачот Фили Маршал. Го уби него, неговите две деца и кучето!!! И, кучето!!!
За крај, да разјасниме. Јас ова не го пишувам од агол на некој што од кожена фотеља дава ум. Јас сум паталец, а не гаталец.
Пред повеќе од 20 години, на скалите на официјалната новинарска ложа на Градскиот стадион во Скопје, на работното место, бев нападна со “Рамбо“ нож со сечиво од 17 сантиметри (така пишуваше во полицискоот записник). На работното место ме нападна Илија Атанасовски, Генералниот секретар на Фудбалскиот Сојуз на Македонија. Тип максимално поддржуван од Љубисав Иванив Ѕинго, и тип кој прв му го заби ножот во грб на Ѕинго. Само благодарејки на молскавичната реакција на Љупчо Николовски Фуфо, не бев прободен во чело. Прободен и убиен. Ножот мина на само 2 сантиметри од мојата лева слепоочица. Велам, новинарството е ризична професија. Ризична и опасна. Така да, коа сега овие фуфици пискаат и врискаат за венецот, шамарот и слично, нека знаат дека ова од секогаш се случувало. И тоа во потешка и поопасна форма.
Аххх, да! Тогашниот ЗНМ не ме зеде во заштита. Историјата се повторува, како фарса, секако.
Преземено од Дудинка.мкНајнапред, тврдам дека нападите “со метални шипки“ од страна на “3-4 напаѓачи“ ги сметам за измислени, исто како венецот на