Ако некој мислеше дека онаа група професори што себеси се нарекува професорски пленум ќе се засрами по скандалот што го направија во понеделникот, очигледно се излажал. Само што се прибраа, напишаа писмо. Тие бегаат од дебата, ама очигледно силата им била во пишувањето.Па велат дека тие биле за демократија небаре некому му е битно нивното сфаќање за тоа, а не за демократура. Многу сериозно звучи последниов збор, нели? Ах, да, пред тоа не пропуштија дека Груевски им направил упад и дека бил дрзок и безобразен. И не се единствени што мислат дека е безобразен. Ако за ништо друго, тогаш затоа што и по осум години, во оваа држава имаме образовен систем во кои такви се професорите. Да беше оваа држава таква каква што треба да биде, во понеделникот просветната инспекција ќе ги чешлаше сите факултети во оваа држава за да види дека никој ништо не работи. Вклучително и самата инспекција. Да беше оваа држава таква каква што треба, немаше во понеделникот или два дена пред тоа, во петокот, некои пензионери да бидат блокирани од УЈП за ситнеж пара за да може потоа од тие пари да ја раниме оваа великоумна професорска интелектуална елита, која ако излезете надвор од границите на оваа држава, не можете никаде да ја пронајдете. Така, додека државата ревносно го товари секој бедник за секоја скршена банка, оваа разгалена самобендисана и самоумислена структура ја остава да се перчи да се вообразува, иако полесно ќе најдете основа Kвазимодо да се смета себеси за убавец отколку овие професори за тоа што мислат дека се.
И додека светот се расправа овие денови со масакрот во Франција, со цената на нафтата, додека се прават анализи за тоа како да се преброди 2015 година, како да се измајмунисаат изборите во Грција за Ципрас на крајот сепак да биде поразен, па дури и ако победи, нашата интелектуална сила има еден, односно два проблема: двата испита за децата и двата научни труда за пет години. И уште еднаш: два научни труда во пет години! И тоа им било многу. Што би го оставило без зборови и кој било водител на радио, инаку научен да пушта во етер двојно повеќе отколку што има секунди во минута, па макар сето тоа било префрлување од шупливо во празно. И плус им пречела процедурата, па некои медиуми треба сега да им обработуваат. Па зар не ви е срам!Онаа слика од пред „Александар палас“ и онаа слика од пред Собранието, залудните обиди на телевизијата на Ѕинго да чукне на вратата на некои професори, треба да се врамат. И да ги има на секој билборд во оваа држава. Да ни се врежат во главата. Меѓу нив и на оние т.н. професори за кои ВМРО-ДПМНЕ има фаќањо „врски“ и за кои посебно се одобрувале средства од финансии и се објавувале конкурси. Сето тоа може да влезе и во наставната програма за и децата да научат што на оваа држава не ~ треба. И патем, да не се заборави: ова е само врвот на сантата мраз. А тој врв веќе е доволен за да покаже дека автономијата на универзитетите не значи и екстериторијалност. Тие не се амбасади на странски држави.
Дарко Јаневски за ДневникПа велат дека тие биле за демократија небаре некому му е битно нивното сфаќање за тоа, а не за демократура. Многу сериозно звучи последниов збор, н