Беше нападната редакција со новинари. Беа убиени луѓе. Ги читаа нивните имиња и презимиња. Да, по име и презиме. Прозивка пред егзекуцијата. Име и презиме. Го викнаа Стефан. Го убија.Го викнаа Филип. И него го убија. Го бараа Жан (Јован). Пукаа и врз него. Умре од истрелите. Го убија и Мишел (Михаил). Од автоматите умре и Жорж (Ѓорѓи). Беа стрелани. Загина и Фредерик. На само 42 години.
Истрел од 1 метар раздалеченост. Многу истрели. Многу куршуми. Од блиска оддалеченост. Крв на сите страни. Врисоци и хорор.
Пукање врз човек што клечи, врз човек со рацете во воздух. Врз човек што се обидува да се спаси. Врз човек што случајно дошол во редакцијата. Врз новинари. Врз нечиј татко и брат. Врз нечиј син. Врз нечиј сопруг, кој веќе никогаш нема да се врати дома.
Многу истрели. Многу куршуми. Се мешаа извиците на задоволство на убијците и извиците на луѓето кои беа убивани.
Го убија и Бернард. Обичен економист и колумнист. Убија и уште еден Бернард. Ја убија и Елза, жена, цивил. Психоаналитичар и колумнист. Го убија и Мустафа, издавач и уредник. Го убија и Франк, полицаец на 49 години.
Од 1 метар пукаа во главата на Ахмед (42), полицаец кој лежеше на тротоарот. Го убија пред камери. И извикуваа пароли. Кажуваа слогани. Гласно, со сиот свој глас.
Во моментов во болница за својот живот се бори уште еден Филип. Се наоѓа во критична состојба. Неговото семејство чека во болницата. Погоден е во лицето. Не се знае дали ќе преживее.
Ранет е Симон, информатичар кој го одржувал интернетот. Има само 31 година. Куршумот го погодил во рамото. Изгубил многу крв. И неговото семејство е дојдено во болницата.
И Лорен е погоден во рамото. Но, преживеал. Има 48 години, но до крајот на животот ќе се сеќава на 7-ми јануари 2015 година. Во ногата е ранет Фабрис, уште еден новинар. Додека во Македонија беше Велигден, во Париз беа убивани, беа егзекутирани луѓе.
Кој пукаше? Кои се терористите? Кои се сторителите на ова злосторство? Кој ги убиваше луѓето? Кој извикуваше слогани и пароли додека пукаше од автоматите?
Саид и Шериф Куачи. Саид е роден 1980 година, а Шериф во 1982 година. Родени се во Франција. Нивните родители дошле од Алжир. Заминале од Алжир затоа што Франција нуди подобри услови за живот. Франција ги прими и ги отвори вратите. Има помала невработеност, поголеми плати, подобри училишта, подобри услови за живеење.
И го добиле тоа. Беа дел од францускиот образовен систем. Ги учеле француски учителки. Државата Франција го плаќала нивното образование. Останаа без родители, па државата Франција ја презеде грижата за еден од нив. Вработените во Домот за деца без родители се грижеа за еден од браќата, за Шериф Куачи.
Франција обезбеди топол дом, храна, сместување. Жените и мажите кои беа таму вработени готвеа храна за своите штитеници, ги переа нивните алишта, ги затоплуваа просториите каде што престојуваа. Се однесуваа хумано, а државата Франција ги плаќаше сметките со парите собрани од работата и даноците на даночните обврзници. Така и треба да биде, секоја држава треба да се грижи за ранливите, особено за оние без родители.
Третиот осомничен е Мурат Хамид. Роден е 1996 година, има само 18 години. И тој е роден во Франција. Самиот се предал на полицијата и рекол дека бил во училиште додека траел нападот. Ќе видиме што ќе покаже истрагата.
Шериф Куачи бил уапсен во 2005 година, кога имал само 22 години. Сакал да оди во џихад, да се бори во Ирак преку Сирија. Станал следбеник на радикалниот оџа Фарид Бениету, од џамијата во реонот број 19 на главниот град на Франција.
Шериф сакал да нападне Евреи или еврејски цели во Франција во 2005 година, но оџата Фарид Бениету му рекол да почека, дека Франција сеуште не е земја на џихадот. Во 2008 година повторно е уапсен поради агитација за праќање на борци за Блискиот Исток и добил казна 3 години затвор, но пуштен е после 18 месеци.
Во 2011 година неговиот брат Саид заминува за Јемен. Јемен се наоѓа на Арабискиот полуостров, а се граничи со Саудиска Арабија и со Оман. Таму се стекнува со обука за ракување со оружје и со теренски вештини за извршување на вооружени напади.
Моментално во ИСИЛ се борат околу 1.000 луѓе по потекло од Франција и со тоа Франција го има најголемиот контингент на борци од западноевропските држави. Сепак, тоа е мал број спореден со 6 милиони муслимани во Франција, од кои огромното мнозинство се обични граѓани приврзани за мирот, разбирањето и соживотот.
А завчера? Браќата пукаа врз Франција. Браќата Куачи пукаа врз државата која им даде можности. Која се грижеше за нив. Која го плаќаше нивното образование, нивните учителки. Поединците пукаа врз земјата која ги прими нивните родители.
Пукаа врз демократијата и толеранцијата. Пукаа врз новинарството. Пукаа врз слободата на изразување. Пукаа врз Европа. Пукаа врз основите на демократијата. Пукаа врз соживотот во Франција. Пукаа врз различностите. Пукаа врз мирот и толеранцијата. Пукаа врз цивили.
Не, тие немаа земено ништо потешко во вака од молив, пенкало, фломастер, четка со боја. И поради тоа беа убиени. По име и презиме. Ги кажуваа нивните имиња и ги егзекутираа.
Некои беа убиени и случајно, единствено затоа што се нашле на погрешно место во погрешно време. Но, зарем посетата на една редакција треба да биде смртна казна?! Зарем треба поради тоа да се добие куршум во главата, во срцето, во стомакот или во рамото?!
Добро е што нападот го осудија муслиманските организации во Франција, исто како и повеќе исламски земји. Нападите ги осуди целата меѓународна заедница. Граѓаните на Франција, на Европа и на светот заеднички порачаа дека иднината е во соработката и толеранцијата, а не во омразата и конфронтацијата.
Франција и Европа ќе продолжат понатаму. Ќе останат приврзани за демократијата и слободата. Наспроти омразата, суровоста и варварството.
Влатко ЃорчевГо викнаа Филип. И него го убија. Го бараа Жан (Јован). Пукаа и врз него. Умре од истрелите. Го убија и Мишел (Михаил). Од автоматите умре и Жорж (