Соросовиот мегафон, одработувачот Бранко Геровски, мака мачи да успее да ги оправда дебелите хонорари на странските организации, ама не му успева, веќе 8 години не може да испорача резултати.Жално е да се гледаат тие негови трагикомични обиди за напад на секоја тема во кои Геровски сака да се претстави како народен трибун, мисија невозможна токму заради милионите евра и петте стана кои ги поседува. Геровски сака да се претстави како човек кој се разбира од се, од секоја тема, тој е најпаметниот, најубавиот, најдобриот..Тој сака така да се претстави и на тој начин да ја прикрие реалноста која е сурова за него. Но најсмешно е кога сака да морализира.
Во тој негов порив, кој очигледно е длабоко мотивиран од злоба и завидност, овој соросов платеник, денес го нападна премиерот Груевски само затоа што вчера Владата ги активирала сите служби за да се справат со невремето и обилните снегови, и дал изјава за тоа. Чудно е само што не го нападна Груевски затоа што воопшто заврнал снег, бидејќи имал Геро изблици на креативност кога напаѓал и за вакви работи.
Повторно во свој пол-потовски стил, црвениот кмер Геровски со манипулации и полувистини, се обидува да наметне тензии, да испровоцира, својата злоба да ја пренесе кон читателите, затоа што таа злоба е толку голема што веќе не може да собере во толку мал човек.
Што има лошо што Груевски свикал кризен штаб и ги построил министрите и директорите на заедничко координативно тело, од каде што се следеле состојбите, се давале насоки, се координирале акциите на службите? Ништо. На Геровски му е криво што токму тоа го направил премиерот. Милион пати ќе беше посреќен Груевски да не го направел тоа. Тогаш ќе можеше да критикува, и тоа тогаш со право. Ама вака не. Груевски презел акција и затоа бил крив. Бог да чува и да брани.
Па преку кризни, оперативни, работни штабови функционираат сите земји во ситуациите на справување со вакви временски непогоди. Тоа на секого, па и на Геровски му е сигурно познато, но пустата негова злоба сигурно му ја помрачува свеста за логично расудување.
Геровски сака со манипулации да претстави дека наводно доцна се реагирало. Тоа не е точно, и не е честит таквиот стил на претставување на работите, ама Геро одамна ја има изгубено честа. Геровски цел ден, завален сигурно во некоја дебела и удобна фотеља, преку неговите портали се обиде да исконструира тензија дека не се реагирало навремено, ама не можеше тоа да го направи бидејќи ситуацијата на терен покажуваше друго. Покажуваше дека полициските екипи уште од пладнето кога почна непогодата беа на лице место и кај Катланово, и кај Извор, и кај Пресека, беа со своите сограѓани. Ги пренасочуваа возилата по споредните патишта во катлановско веднаш откога беа истите пробиени. Кај Извор евакуираа граѓани, ги носеа во блискиот ресторан Починка за да се стоплат на безбедно. Го пробиваа снегот за да стигнат до Пресека и да до другите возила. Охридскиот градоначалник Бакрач беше на чело на колоната која откај Охрид тргна накај Пресека за да се пробие патот. Заради прекинатите телефонски линии, Тодоров ги пушти сите возила на итната помош да кружат низ Охрид и Струга за да се на услуга на граѓаните. Работниците на МЕПСО одеа два часа низ снег од два метри за да стигнат до местото каде што требаше да се прави поправка. Два часа со опрема тешка повеќе десетици килограми на сечиј грб на овие работници. Македонската армија беше во состојба на готовност и пред тревога за да се пуштат во мисија за спасување доколку имаше потреба, а генералот Котевски лично од кризниот штаб ги координираше армиските сили. Миле Јанакиески беше на лице место во Катланово кога се проби и дефинитивно патот, по поместувањето на шлепер со 40 тони тежина. Градежните компании ги ставија своите механизирани средства на услуга и рамо до рамо со државните органи учествуваа во чистењето ан патиштата. Груевски даде изјава во 23 часот, по преземањето на серија мерки на надлежните цело попладне, и треба да даде изјава, тој е премиер и јавноста треба да биде информирана токму од првиот човек на владата. Се дејствуваше на планините, на превоите, на над 1500 метри височина. Ама само Геро тоа не го виде.
А со тоа што Геровски не виде, и не гледа и денес, дека неговиот нов политички миленик Жерновски во скопски Центар не успеа да исчисти од снегот ниту една уличка, најдобро говори за пропагандистичката, и никаква друга улога на црвениот кмер Геровски. Уште долго ќе тоне во својата злоба и завист. Така нека му е, така заслужува.
П.С Вчера медиумите објавија информации дека се запалил ферибот во Јадранско Море, и дека исчезнал авион на Ер Азија, очекувам во следните два до три часа Геровски да го обвини Груевски и за овие работи.
Автор: Дејан Николовски/НЕТПРЕСЖално е да се гледаат тие негови трагикомични обиди за напад на секоја тема во кои Геровски сака да се претстави како народен трибун, мисија невозм