Долг период, нашиот образовен систем поминуваше низ фази кои доведуваат во состојба на регрес. Таква е состојбата и во високото образование. Долги години некои универзитети продуцираат дипломирани кадри, чие знаење не само што не соодветствува на нивниот просек, туку во себе не го содржи ниту елементарното знаење кое по правило би било потребно да се поседува, за да се положи одреден испит.Таквиот процес на стекнување на факултетски дипломи, не само што создава медиокритети од младите луѓе, туку ја нарушува и конкуренцијата на пазарот, со тоа што дипломите на оние што учеле од скрипти од 20-тина страници, вредат повеќе од оние што стекнале помал просек, но учеле по несразмерно повисоки критериуми. Меѓу другото, тука се поставува и прашањето на баланс помеѓу студентите кои припаѓаат на различните економски слоеви. Со државниот испит ќе се постават минимум стандарди кои ќе треба да бидат постигнати, за да може еден студент да продолжи со студирањето. Тоа значи дека сите студенти, дури и оние поимотните ќе мора да покажат минимум знаење, кое нема да зависи од нивниот општествен или економски статус, со што ќе се подобрат условите за остварување на фер и еднакви шанси на пазарот на трудот.
Оваа идеја за воведување на државниот испит и формирање на стандарди е оспорена од некој ,,Пленум’’ кој најавува протестен марш против истиот.
Се протестира,диктира,дискутира и канализира,но зошто ? Што тој ,,Пленум’’ кој води и се поставува како организатор на протестот ви понуди на вас како алтернатива,ако се изборите за државниот испит да биде избришан?
Ви чепна ли некој во вашиот џеб? Ве загрози ли вас од основа дека нема да го завршите вашето дообразување ,вашиот факултет ако вие и вашето знаење сте чисти и немате некоја црна дамка ?
Ве ограничува ли некој за тоа колку пати имате право да го полагате овој државен испит ? Многу прашања,на кој одговори нема. Нема ни да има,бидејќи нема ни кој да ги даде. Одговорите никогаш не биле во преден план.
Сакам да се стави крај на завршувањето на факултет на туѓ грб. Кога се запишав на факултет се запишав од истата причина како и најголемиот дел од македонските студенти. Да се надоградувам,да научам и да се реализирам преку зголемувањто на моите знаења. Единствениот план за да го остварам тоа беше напорната работа. Мојата цел е да добијам знаење и вештина за егзистенција, а не парче хартија кое ќе можам да го урамам на sид.
Која е вашата цел?
Сетете се на сите оние часови потрошени над учебниците и дополнителните литератури. Сетете се на сите часови кој ви одминале чекајќи ги пред шалтерите на Студентските прашања или пред професорските канцеларии. На сите средства кој вие и вашите родители сте ги потрошиле на вашето дообразување? На часовите кој сте ги платиле да положите некој испит или пак на половината или бодот кој ви фалел да положите некој испит. Сетете се на жртвата која сте ја дале и трудот кој сте го вложиле за да ја добиете титулата дипломирани.
Земете ги во предвид овие факти и сетете се на некој ваш познаник,дипломиран кадар чие знаење е стекнато од скрипта од 20-ина страници и во покус рок од предвиденото но со повисок просек од вашиот.
Вообичаено, секоја промена предизвикува различни реакции кај народот, но во случајот со државниот испит, негативната реакција е насочена на штета на студентите. Кога ќе размислиме подлабоко, станува збор за револт кон мерка што му пркоси на лесното добивање дипломи, поставувајќи минимум стандарди кои треба да го прикажат елементарното знаење на студентот. Тоа од друга страна ја покажува удобноста на некои групи, кои преку својот протест се залагаат за статус-кво состојбата на ниски критериуми, продлабочувајќи го процесот на создавање на нееднакви шанси.За трка во која некој почнува подалеку,а некој поблиску до целта. Истите тие, протестираат против оние млади студенти кои немаат доволно пари за да се запишат на приватните факултети, против оние кои имаат многу поголемо знаење, а помал просек од оние што имаат многу поголем просек, а помало знаење. Протестираат во полза на оние што имаат финансиски средства кои ги користат како супститут на своето знаење. На самиот крај, протестираат против знаењето, во полза на комформизмот, кој е одлика-сведок за едно минато време кога доминираше во сите сфери на нашето општество.
Имено, испитот ќе се полага два пати , во втора и четврта година, имајќи предвид дека можноста за полагање на истиот е неограничена. Потребно е студентите единствено да ги положат испитите од циклусот кој го минуваат и со тоа им се отвара можноста да го полагаат државниот испит. Ова всушност упатува на фактот дека реформата не оди во насока на загрозување на автономнијата на универзитетите, со оглед на тоа што прашањата кои што ќе го сочинуваат државниот испит, ќе бидат дел од предметите кои дотогаш ги полагале студентите, а прагот за минување нема да претставува оценка, туку минимум бодови. Во тој поглед, важно е да се спомене дека студентите доколку не го поминат државниот испит, нема да ја изгубат можноста да продолжат со студирањето, ниту пак ќе треба да презапишат година на факултет.
Бојан Стојаноски- член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕТаквиот процес на стекнување на факултетски дипломи, не само што создава медиокритети од младите луѓе, туку ја нарушува и конкуренцијата на п