Младите се фатени како риби во мрежа – млади фатени во социјална мрежа

Младите луѓе на социјалните мрежи се стремат, а некои успеваат да бидат она што во реалниот живот не можат да бидат. На овие социјални срања , грдите се убави, глупавите се паметни, повлечените се агресивни !Завчера напишав нешто за помодарството на нашите простори, поточно за помодарството во технологијата. Денеска си го прочитав уште еднаш напишаното и сфати дека уствари не сум ни пишувал за помодарство во технологијата туку за помодарство во телефонијата. Тоа завчерашното се однесуваше на тоа дека „Македонштината за леб нема за Ајфон има“ и беше наменето само за супертелефоните, како што милувам да ги кажам, а ова денеска нема врска со пари, се рабтои за социјалните мрежи, а среќата на Фејсбук со пари не се купува.
Некако како да се плашев да опфатам се за помодарство, односно помодарство кое потекнува од технологијата. Ете така, бидејќи се „фатив на оро“ ќе го доиграм и ќе се обидам да се доиздебилизирам, изиронизирам и изсарказирам, па така целосно да ја дооговарам нашата младина.
Еден мој повозрасен познаник велеше „Младинава?… Младинава?… Младинава е жими мадинава! (мадиНава ќе стои со „Н“ наместо со „Њ“ со цел да се задржи ефектот од убавината на дијалектот на која е кажана мислата). Јас се насмевнував на оваа мисла и не ми паѓаше нешто баш најдраго, ама ако размислиш подлабоко, навистина сме жими…
Не знам, Фејсбук генерација, модерна генерација, генерација на технологијата… се е тоа во ред, меѓутоа…
На темава многупати се има правено муабет, ама еве јас кога имам прилика јавно ќе го направам муабетов по стотти пат.
Видете, младите не читаат книги, статуси и твитови читаат. Покрај тоа, младите ги мрзи да прочитаат некој подолг статус, па камоли книга. Кој ти е прав другар? Тој што ти стиска лајк и на најтапа објава, е тој ти е прав другар. Која ти е права другарка? Таа што ти остава срце во коментар под сликата и ти пишува дека си преубава, иако на таа слика си без пудра и Фотошоп, па затоа не си баш толку пријатна за гледање.
Хуморот „на маса“ го нема. Ако нешто смешно сакам да кажам ќе го напишам во форма на статус или твит па кој милува нека стиска лајк, а кој не милува заслужува да биде избришан од Фејбук. Па штом некој те избришал од Фејсбук, тој заслужува само едно ладнокрвно „Здраво“ кога случајно ќе се разминете. И така социјалните мрежи наместо да не социјализираат, честопати не десоцијализираат. А зошто не десоцијализираат? Затоа што поважно е да сме духовити и убави на Фејсбук и на Твитер отколку во живо. Сметам дека станува збор за максимална опседнатос од сајбер просторот. Просто кажано, ако „те бива“ на Фејсбук, не е проблем за во живо.
Или пак проблем е…

Го гледаш на Твитер дека е најфаца, а кога ќе го запознаеш во живо порачува еспресо и очекува макијато да му донесат. Да не се разбереме погрешно, од секое правило има исклучок, секоја чест за таквите.
Друг проблем. Гледаш некоја „принцеза“ на Фејсбук и пишуваш на чат, номрлано, и те чуди што толку брзо попуштила и решила да излезе на кафе со тебе. И кога ќе ја видиш во живо сфаќаш дека таа не е како на Фејсбук, односно не е ни приближно како на Фејсбук и дека никој не сака да ја фати за женска, па затоа сега шансата ја побарала во тебе, како последна шанса, на пример.
Честопат налетуваме на депресивни статуси и превртуваме очи. Тука чиста е работата? Пишуваш тажен статус, или гневен статус, ти стегаат 5-6 души лајк, во знак на поддршка и одма ти олеснува… абе милина, психички жртви на технологијата.
А да, хејтање на Фејсбук, а особена на Твитер. Честопати доста динамично и забавно, но напати напнато и безсмислено, впрочем, да не должам многу,  читнете го ова за да не треба да започнам да пишувам втор том.
Од време на време, можеме на Фејсбук да налетаме и на некоја латинска фраза, или кирилична фраза со длабоко филозофско значење. Што да кажам, половина од тие фрази да ги применувавме во реалноста, сега Норвешка капа ќе ни симнуваше.
Ако си ја отоворам душата би рекол:
Одиш во WC и размислуваш дали да се сликаш, или само да си напишеш нешто интелегентно. Спремна си да се сликаш и гола, бидејќи веќе полугола се имаш сликано и објавено на зид, фала богу, само поради лајкчиња, повторно фала богу. Си лајкуваш некои празни зборови и од време на време пишуваш по некоја латинска фраза. На крај, за да бидеш уште попривлечна, бидејќи веќе си привлечна по социјалниве мрежи, се ставаш во врска, а уствари немаш допирна точка со маж, бидејќи никој не е заслужен тебе да те има. Ваквиот тип на Фејсбук кориснички се потенцијални „стари моми“.
Денешната младина не сваќа како може некој човек да живее офлајн. Покрај тоа, репер за успешноста на еден човек е бројот на лајкови. Ах, не би сакал да знам како ќе се дружат денешните новороденчиња и што за нив ќе значи среќата.
Дволичноста, дволичноста е главниот проблем инспириран од социјалниве мрежи! Еве малку ќе звучам посурово и ќе речам:
Младите луѓе на социјалните мрежи се стремат, а некои успеваат да бидат она што во реалниот живот не можат да бидат. На овие социјални срања , грдите се убави, глупавите се паметни, повлечените се агресивни ! А младите луѓе свесни се дека Фејсбукот нема вечно да биде во нашите животи и нема вечно да ни биде лекар на нашите комплекси?
Инспириран сум за темава бидејќи и јас, како дел од младината сум „жртва“ на негативните страни на интернетот, ова го пишувам на интернет, а и инспирацијата ми е од интернет. Ако почнам да пишувам и други негативни аспекти на интернетот, како дел од технологијата, ќе треба да се осврнам и на позитивните, за да не бидам како оние хејтерите погоре од текстот, па во тој случај не би го дочитале парчево текст, бидејќи ќе ви се доздосади и така здосаденава иронија со елементи на сарказам и моите искрени нагони на дебилизација и Фејбсук фрустрација.
Г. АнгелескиЗавчера напишав нешто за помодарството на нашите простори, поточно за помодарството во технологијата. Денеска си го прочитав уште еднаш напишаното

Пронајдете не на следниве мрежи: