Дестабилизацијата на Македонија е појава која претходните години мирно се набљудуваше од страна на соседните земји, бидејќи САД немаше планови да ги руши тамошните влади.Денес, Балканот е точка на вриење. „Демократските“ и про-американски ненасилни движења за рушење влади земаат замав во Србија, Босна и Херцеговина, како и Хрватска.
Методите се препишани од прирачникот на Канвас за рушење на власт на ненасилен начин. Прирачникот од кој вадиме лекции од терористичката организација која е финансирана од Америка и нејзините невладини организации, само е показател дека ништо нема случајно. За да се сруши власт се потребни материјални и човечки ресурси, а неизоставен дел се спинувањата.
Со цел да се натера народот да преземе акција, се монтираат случки на тој начин, што се зема пример од некој настан кој не ги остава луѓето рамнодушни и врз таа основа се гради цела кампања. Во таа кампања е дозволено да се зачинат нештата за да се предизвика гнев и револт кај луѓето, со што се разоткрива параванот дека овие движења се ненасилни, бидејќи и самите повикуваат на акција по секоја цена.
„Доколку на овие избори констатираме макар еден обид за фалсификување на изборите, макар еден обид за измама на волјата на гласачите, ние ќе излеземе на улица“ – најави Жерновски пред неколку години.
Ова беше доволен темел за да се изгради кулата од карти на борците за „демократија“, поради кои повторно не се одржаа избори кои сами ги бараат, а од кои бегаат.
Се бараше прочистување на Избирачкиот список – тоа беше сторено. Луѓе се прогласуваа за фантоми – тоа беше разоткриено како голема измама по теренската проверка.
Списокот беше прочистен и сѐ беше подготвено за одржување на избори. И ништо.
Повторно се бараат фер и демократски избори, а бидејќи рејтингот на СДСМ останува во голем минус зад ВМРО-ДПМНЕ, нема услови за избори.
Во денешната лекција од Канвас, ќе забележите интересна појава за хушкање на луѓето дека изборите се фалсификувани. Ова го имаше кај нас, нели?
Втора работа е креирањето кампањи со кои ќе се создаде јавна слика за власта со која ќе се предизвика иритација и револт со пласирање на внимателно избрани информации.
Драги наши, сведочете на уште едно препишување:
Денес, Балканот е точка на вриење. „Демократските“ и про-американски ненасилни движења за рушење влади земаат замав во Србија, Босна и