Досега, во повеќе наврати имавме можност да слушнеме разни апели со кои се потенцира дека протестите низ различните делови од Македонија мора да бидат ненасилни.Ваквата слика предизвика воодушевување кај дел од граѓаните и полесни беа манипулациите во јавноста.
Се даруваа рози, се бакнуваа полицајци, вирално беа споделувани фотографии кои ја прикажуваа мирната страна на протестите организирани од разни невладини организации кои се наоѓаат под палката на Сорос.
Но, колку и да изгледаше идилично оваа глетка, жално е што беше препишана од прирачникот на Канвас за ненасилни движења, во кој се потенцира дека е нужно да се постави стапица во која ќе падне власта.
Интересно е што се повикува на масовност и поставување на „стапица“ во која може лесно да падне власта што ќе се најде на мета. Стапицата се состои во тоа што со секоја преземена акција од страна на власта, се зголемува можноста за креирање на дополнителни тензични ситуации со кои би се предизвикал притисок врз метата на демонстрантите.
Оваа акција беше делумно успешна, бидејќи учесниците на протестите направија погрешни чекори и се свртеа кон демолирање и уништување на јавен имот.
Сега е сосема јасно зошто Македонија е влезена во фаза на „шарена револуција“.