Полека пристигнуваме до напредното ниво од прирачникот на Канвас за ненасилни протести со кои се рушат владите кои не се левичарски ориентирани.За да се води ненасилен протест, очигледно е дека се потребни долгогодишни подготовки и тренинзи по кои само најдобро подготвените ќе бидат ставени на чело за да ги предводат луѓето во рушење на власта.
Пострашно е што таквите движења имаат цел со што е можно поедноставни методи да влијаат врз креирање на политичко-економски ситуации во одредена држава.
За предизвикување на диверзии и можни сценарија со кои би се дискредитирала и ослабнала власта, во денешното упатство од прирачникот на Канвас се наведува дека организирањето на протести во повеќе градови одеднаш е идеално за прераспределба и ослабнување на власта. Тоа се постигнува на тој начин што подеднакво ќе се распоредат безбедносни сили во повеќе места и со тоа институциите стануваат лесна мета.
Дали и ова ви звучи познато?
Да не заборавиме дека „револуцијата“ кај нас се прошири низ другите градови во Македонија, а најинтензивните протести беа спроведени кога Македонија се соочуваше со прилив на мигранти на јужната граница, кога техничкиот министер во МВР не мрдна со прст да ја зајакне безбедноста, туку напротив, чекореше рамо до рамо со активистите од невладините организации финансирани од американски спонзори.
Сѐ е добро испланирано, па и временските услови!
За да се води ненасилен протест, очигледно е дека се потребни долгогодишни подготовки и тренинзи по кои само најдобро подготвените ќе бидат ставени