Македонија има технички премиер за спроведување избори. Има и технички министри. Исто така за спроведување избори. Kако Оливер Спасовски. Затоа МВР не можеше да го најде Бекир Асани оти тепањето луѓе по улици и кафеани не е во доменот на изборите, што очигледно покажува дека рамките во кои е поставена техничката влада е претесна. Се јавуваат проблеми во државата кои треба да се решат, а владата е немоќна.На пример, „Пуч“ мораше да биде одложен за мај зашто Kатица Јанева ќе прави свадба во април. А правењето свадба бара ангажман. Време. Трчање. Но, правењето свадба, исто така, не влегува во надлежноста на владата за организирање избори. Па, сега жената мора сама да се мачи и да ги одложува рочиштата, со што таа свадба станува државна работа. Државен проблем. Со што се создава трепет во душата на Заев, кој сака случајот што поскоро судски да се реши зашто е посветен на градењето правна држава. А во правна држава не можеш со нелегални снимки да уценуваш премиер. И тоа на човекот му стои како товар. Kако и на неговите адвокати, кои, ете, морало да заминат, кој во Барселона, кој во Грција. На чист воздух.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што сепак ја презема клучната одговорност за состојбите во државата, треба да го замоли амбасадорот кој е вистински премиер на оваа држава да ни дозволи да формираме и влада за организирање свадби. Да не чекаат државните работи поради вакви нешта. Замолете го човекот, тој има широк поглед на светот и сигурно ќе ни го дозволи и тоа. Може претходно да се подготви терен преку пропагандните памфлети на УСАИД и Сорос, тука медиумски ресурси имаат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а не е проблем, всушност ни стана навика да гледаме и нарачни интервјуа по телевизиите, па вистинскиот премиер да н` израдува со посебната влада за организирање свадби. Секако, УСАИД (повторно ќе го споменеме) може да помогне преку изборот на личноста за свадбарски премиер. Посебно по најновиот грант за проекти, некакви ЛГБТ-проекти. Зашто денес треба за Јанева, ако даде Господ, утре-задутре ќе треба за некој друг. Затоа, остајте смоквите на жената, фатете се малку со посуштинска, подржавничка работа кога веќе Бранко Црвенковски ги испушти работите од раце.
Ако засега има некој полезна работа од крстот во Бутел, тоа е дека на површина ја исфрли интелектуалната сила на ДУИ. Ете, го видовме Асани, тука се и Изет Меџити и Ермира Мехмети. Таков капацитет овие простори одамна немаат видено. Сигурни сме дека Али Ахмети не ги знаел во 2001 година, инаку не ќе се фатеше за нож и пушка, туку со нив одамна ќе ја завршеше својата слободарска мисија, што е минус за другите партии, пред с`, за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои не можат да се пофалат со ваква интелектуална моќ. Моќ која го преферира умот наместо насилството. Анатолиј Kарпов и Гари Kаспаров можат само да им завидуваат. Боби Фишер, Бог да го прости умре, ама ете ослободи вселенска енергија и за други креативни умови. Досега скриени, задушувани во траорот на Чаир и Тетово од страна на режимот. Ермира Мехмети и Изет Меџити.Нивните членски книшки од Универзитетската библиотека еден ќе бидат реликвија. Стапките на светиот Павле во Паљурци на Ѓорге Иванов ќе одат во заборав. Во библиотеката со страхопочит кон големите умови ќе се шепоти: Тука, на овие столчиња седеа Ермира и Изет. И Артан Груби. И Талал Џафери. Ќе недостига столчето на Али Ахмети, но нему не му треба членска карта оти во библиотеката не даваат да се пуши, што е уште една македонско-режимска анти-НАТО и анти-ЕУ провокација поради што деновиве е возбуден дури и Мендух Тачи откако се врати во Македонија од штабот во Брисел, каде што се разгледувале загрозеноста на балтичките земји од Русија и патролирањето на НАТО-бродовите во Егејското Море. И ситуацијата во Сирија и Ирак.
На сето ова ВМРО-ДПМНЕ парира со Даниела Рангелова, што е страшен удар. Посебно во споредба со СДСМ кој не ни парира. Заев рекол дека не сака да ги пушта неговите луѓе кога веќе го има Питер ван Хут. И неговите мачки. Поради што, специјалното обвинителство на Јанева во рамките на дополнителните измени на Kривичниот законик што ги подготвува, ќе побара секој олеснувач што Могерини ќе ни го испрати, претходно да достави тапија дека нема некакви посебни афинитети кон животни. Посебно кон мачки. Не дека ни пречи ако решил човекот да се зближува со нив, но колку да си немаме после проблеми со разноразни здруженија. Инаку, кога сме кај Ван Хут – досега го сметавме како член на СДСМ. По најновиот развој на настаните, мислиме дека на неговата интелектуална сила повеќе ќе одговара ДУИ. Иако работата е тука некаде.
Дарко Јаневски за ДНЕВНИКНа пример, „Пуч“ мораше да биде одложен за мај зашто Kатица Јанева ќе прави свадба во април. А правењето свадба бара ангажман. Време. Т