Најновиот тренд во кујната претставува закана за една од традициите кои се години се негуваат во многу домови – времето за чај.Во Тајван за првпат е произведен чај од сирење – леден напиток кој е прекриен со пенесто сирење. Необичниот напиток е хит во Тајван, а истиот може да се консумира и во Сингапур, Хонг Конг, а неодамна и во Њујорк.
“Condé Nast Traveler” пишува дека ваквиот чај потсетува на макијато, а сите заинтересирани можат да го купат во четири различни вкусови, меѓу кои се и зелен чај со солено сирење и чоколадо со солено сирење.
Според изворниот рецепт се користи сирење во прав, но иноваторите сега се обидуваат да добијат кремаст облик на чај со тоа што користат свежо кремасто сирење. Оние кои го пробале, го споредуваат чајот со фрапе.
Персоналот во угостителските објекти во кои се продава ваквиот чај, сирењето го матат со млеко додека не почне да пени. Ваквата смеса се додава во ледениот чај и се добива изглед на кремаст прелив.
Во Тајван за првпат е произведен чај од сирење – леден напиток кој е прекриен со пенесто сирење. Необичниот напиток е хит во Тајван, а