Напуштен град ќе стане оаза на марихуаната

Во 1905 година сточари и каравани поминале низ градот Ниптон во Калифорнија, кај пустината Мохаве. Потоа поради златната грозница во тој град се доселиле рударите. Сега во 2017 година, во овој град пристигна марихуаната, пренесува „Businessinsider“.Американ Грин, компанија која се занимава со марихуана и давање совети, го купила овој мал град за околу 4,2 милиони евра со намера да го претвори во туристичко место.
Ова место има само шест жители, според пописот од 2016 година, а компанијата предвидува овде да направи фарми за марихуана, кои туристите ќе може да ги посетат.
 
Стивен Шеарин, консултант кој работи за Американ Грин, вели дека цел им е да направат заедница полна со разбирање кога се работи за употребата на марихуаната, која според федералниот закон е нелегална.

-Не ни е идејата да створиме „Вудстон 2017“, туку да биде заедница каде што ќе доаѓаат луѓе да работат и да делат, вели тој.

Американ Грин сака да им понуди на сопствениците можност да работат за нивната компанија која е основана во 2009 година.
Тие произведуваат и продаваат масло од коноп, како и разни врсти канабис кој нема психоактивни ефекти, кои обично ги има во марихуана.
Еден од првите производи кој ќе биде направен во Нипто е вода од коноп.
 
 Американ Грин, компанија која се занимава со марихуана и давање совети, го купила овој мал град за околу 4,2 милиони евра со намера да го пре

Пронајдете не на следниве мрежи: