Сликичката мала отворена тегла во аголот на сите пакувања на козметички препарати и креми е нешто што можеби никогаш не сте го забележале,а всушност носи важна информација за вас.Оваа сликичка е превземена од пакувањата на Европската унија и се нарекува „ПАО симбол”.Го означува „периодот по отворањето” на пакувањето,кој ве информира колку месеци по отворањето на пакувањето производот може сигурно да се користи.
Симболот,кој покрај бројот има и ознака М која означува месеци,може да се види на сите пакувања. Иако по правилата на ЕУ производителите немаат обврска да го истакнат овој симбол доколку производот може да се користи најмалку 30 месеци,сепак на повеќето производи стои ова известување.
Најчесто може да се види бројот 12,18,20 или пак некој друг број,а доколку бројот на месеци поминува 30,на декларацијата мора да стои информации какви последици личноста би имала доколку го користи производот кога ќе помине означениот период.
Обрнете внимание од сега на овој мал детал бидејќи доколку козметичките производи ги користите надвор од препорачаното време може да дојде до алергија,иритација на кожата или слузокожата како и сериозни здраствени компликации.Оваа сликичка е превземена од пакувањата на Европската унија и се нарекува „ПАО симбол”.Го означува „периодот по отворањето&rdquo