Дали сте знаеле дека вашето дете икогаш не би смеело да седи во седиште во автомобил додек на себе има зимска јакна?Како што предупредуваат педијатрите , ова може да има фатални последици во случај на сообраќајна несреќа.
Објаснувањето е следно: за детето „нормално“ да седи во седиштето во зимска јакна, морате да ги попуштите појасите, што во случај на несреќа би можело да резултира со тоа што детето ќе испадне од седиштето, а последиците се страшни…
Видеото кое го објави NBC илустрира како детето, дури и во автомобилот кој оди со брзина од 50км на час, може да испадне , не само од седиштето туку и од јакната.
Истиот совет важи не само за децата, туку и за возрасните.
„Зимские јакни можат да го зголемат ризикот од повреди при несреќа. Идеало е да го облечете вашето дете во повеќе слоеви облека и во автомобилот да го покриете или со јакната или со ќебе доколку е потребно“, соопштено е од мериканското здружение на педијатри.Како што предупредуваат педијатрите , ова може да има фатални последици во случај на сообраќајна несреќа.