Научниците ја основаа првата вселенска држава

Група научници и правни експерти нудат создавање на првата „национална држава во вселената“. Според нив, оваа одлука би довела до мир, слободен пристап до вселенските технологии и заштита на жителите на Земјата.Наречена „Асгардија“, по еден од митските светови населен со нордиските богови, тимот вели дека „новата нација“ еден ден ќе стане членка на Обединетите нации, со свое сопствено знаме и химна осмислена од членови на јавноста преку серија натпревари.
Асгардија „ќе понуди независна платформа без ограничувањата на законите на копнените земји. Таа ќе стане место во орбитата што навистина е ‘ничија земја’“.
Првично, оваа нова нација ќе се состои од еден сателит, кој треба да биде лансиран наредната година, а нејзините државјани сепак ќе живеат на мајката Земја.
„Физички граѓаните на таа нација-држава ќе бидат на Земјата; тие ќе живеат во различни држави на Земјата, така што ќе бидат и државјани на својата сопствена држава, а во исто време и државјани на Асгардија“, вели лидерот на проектот Игор Ашурбејли за Гардијан.
„Кога бројот на апликациите ќе надмине 100.000, ние и официјално ќе можеме да аплицираме во ОН за статус на држава“, додава тој.
Секој човек што живее на Земјата може да стане државјанин на Асгардија, а формуларот за прием, веќе го потполниле над 7.000 лица.
„Верувам дека веднаш штом оваа земја ќе стане дел од семејството на ОН, нејзиното државјанство ќе биде навистина доста престижно“, вели Ашурбејли.
Иако предлозите во проектот остануваат нејасни, визијата за Асгардија е благородна. Тимот вели дека еден од нивните првични планови е да се создаде „ремек-дело и штит за целото човештво од вселенските, вештачки и природни закани врз животот на земјата. „Такви закани“, велат тие, „се опасност од вселенско ѓубре, па дури и од астероиди. Но, во моментов, деталите за тоа каква форма би имал штитот остануваат нејасни.“
И иако во рамките на проектот во моментов не се планира да се формира асгардијанска населба во вселената, Ашурбејли верува дека животот надвор од Земјата ќе биде од витално значење за иднината на човештвото.
„Ги поставуваме темелите да го овозможиме тоа во блиска иднина“, вели тој.Наречена „Асгардија“, по еден од митските светови населен со нордиските богови, тимот вели дека „новата нација“ еден ден ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: