Кога утре Кипрани ќе се разбудат, ќе откријат дека нивниот остров не е поделен само етнички, туку и временски.Грчкиот дел на островите утре ќе ги врати сказалките еден час наназад и ќе прејде на зимско сметање на времето, додека турскиот ќе остане со летно сметање, пренесуваат медиумите додавајќи дека Кипар ќе стане остров со две временски зони.
Во септември Турција донесе одлука дека трајно ќе остане на летното сметање на времето, а турскиот дел на Кипар одлучи да го направи истото бидејќи е поврзан со Турција со банкарскиот сектор, трговијата, воздухопловните врски..
Според тамошните здруженија на работодавци, временската разлика ќе предизвика неудобности за 5000 кипарски Турци кои работат на другата страна на островот. Грчки работници на турската страна речиси и да нема.
Портпаролот на Обединетите Нации изјави: „ОН е фокусиран на постигнување на решение што ќе ги задоволи и двете страни. Сепак, на нив останува да одлучат како и кога ќе го решаваат прашањето со временските зони.“
Во меѓувреме, Кипар ќе стане едно од ретките места на светот каде Нова Година ќе се дочека два пати, а во некои случаи, за тоа ќе биде потребно само да се прошета по улица.Грчкиот дел на островите утре ќе ги врати сказалките еден час наназад и ќе прејде на зимско сметање на времето, додека турскиот ќе остане со летно