Неодамна беше спроведено истражување кое покажува дека одредени видови работа можат сериозно да му наштетат на здравјето.Со истражувањето биле опфатени околу 1.600 Американци кои проценувале какво влијание има избраната професија врз нивното здравје, пишува „Хафингтон Пост“.
Само 16 отсто од испитаниците одговориле дека нивната кариера негативно влијае врз здравјето и дека овој процент е многу поголем за одредени дејности.
Според тие податоци, на најштетни кариери се изложени: работници во малопродажба – 26 отсто, градежништво и надворешни работи – 23 отсто, работници во производство – 21 отсто, медицински работници – 19 отсто.
Најголеми потешкотии во работата имале лицата кои се грижеле за хемикалии и загадувања, како и нечист воздух и повреда на работа.
Експертите препорачуваат олеснување на стресните околности на работа со земање одмори и пауза.
Тие нагласуваат дека работниците на минималец немаат секогаш платени одмори и не се во можност да земаат чести паузи и им препорачуваат здрава исхрана и вежбање како начин за олеснување на стрес.Со истражувањето биле опфатени околу 1.600 Американци кои проценувале какво влијание има избраната професија врз нивното здравје, пишува „Хаф