Шкорпион: Најсуровиот политички затвор, од него ретко кој…

Голем број од затворениците се исламисти, а голем број од нив се мачени до смрт, како што се наведува во сведочењата. Затворот Шкорпион е познат по исповедите во кои се наведува дека службениците и чуварите ги малтретираат и тепаат затворениците. Според исказите на семејствата на затворениците, ова е  еден од најсуровите завтори во Египет.
Затворениците ги „дисциплинираат“ со посебни методи а забрането им е гледање со семејството и адвокатите. За тоа каков живот има во затворот составен е извештај „Ние сме во гробница: Злоставувањето во египетскиот затвор Шкорпион“ .
Во извештајот е документирано суровото и нехуманото однесување на службениците на Министерството за внатрешно работи на Египет,  меѓу кои е и кршењето на општите меѓународни норми за третман на затвореници.

Ова е максимално обезбеден објект во кој се сместени политички затвореници. Злоставувањето се случува со години зад високите ѕидови на затворот.
Затворениците немаат кревети, предметити за општа хигиена нема како ни лекари. Новинарот Рајтс Воч интервјуирал 20 роднини на затворениците од овој суров затвор како и двајца адвокати. Па така на оваа основа прегледани се и здравствените картони и фотографиите на болните и мртвите затвореници.
Овој затвор е отворен во 1993 година и изграден е на основа на најсигурните американски објекти. Идејата за неговата изградба ја дале офицери откако се вратиле од тренинг мисија во САД, каде што ги обучувале од ФБИ.
 

Изградбата траела две години, се состои од 320 келии поделени во четири сектори. А 20 келии се користат како дисциплинско оделение.
Затворот е исто така користен за „испитување“ на затворениците кои САД ги испраќале во Египет по 11 септември. Испитување подразбира незаконско и нечовечно однесување кон истите.
Затворениците биле мачени со инсекти, како и техники на мачење кои ги вклучуваат гениталиите, а имало и случаи на сексуално злоставување…
Погледнете го видеото: Затворот Шкорпион е познат по исповедите во кои се наведува дека службениците и чуварите ги малтретираат и тепаат затворениците. Според исказите на

Пронајдете не на следниве мрежи: