До 1930-те белците немале поим што се наоѓало на островот Нова Гвинеја. Холалндија, Германија и Велика Британија колонизирале делови од островот во 19 век, но, дури со доаѓањето на австралиските трагачи по злато сфатиле дека источниот дел од островот е густо населен со домородци.Дури во 1950-те години антрополозите почнале да ги проучуваат тамошните жители и откриле нешто неверојатно. Племето Форе имало 11000 членови, но секоја година по 200 умирале од мистериозна болест.
Најпрво имале проблеми со одењето, а потоа настапувало неконтролирано смеење, заради што болеста често ја нарекувале и „смрт со смеење“.
Во рок од една година тие веќе не можеле да стојат, ниту да контролираат други од своите телесни функции и настапувала смрт. Многу од членовите на племето сметале дека е вуду магија. Но, ни на западните лекари и истражувачи не им било јасно за што се работи, со оглед на тоа дека болеста најмногу ги погодувала жените и децата до 8-годишна возраст. Во некои од селата веќе немало ни жени ни деца и племето Форе било на работ на изумирање.
Најпрво мислеле дека се работи за генетска болест, но потоа забележале дека тоа не е можно бидејќи болеста ги напаѓа жените и децата од истите општествени слоеви, но не и од истите семејства.
Така, научниците конечно сфатиле.
Болеста била последица на праксата на локалните погреби на кои припадниците на племето Фиоре го јаделе месото на покојните. Не се работело за болен ум, туку дури звучело и логично. Сметале дека не е во ред да ги закопаат во земјата мртвите, кои толку ги сакале и ценеле, бидејќи таму ќе ги изедат црвите, па затоа тие ги јаделе за да станат дел од нив.
Тие верувале дека само жените се доволно моќни да го изедат мозокот во кој можел да се најде злобен дух како последица на смртта. Така жените станувале чувари на опасниот дел од телото во текот на опасната церемонија. Мозокот им се давал на жените и девојчињата, како и на младите момчиња, кои уште не станале мажи.
Станало јасно дека причинител на болеста е јадењето на мозокот, а по некое време научниците заклучиле дека не се работи за никаков вирус, бактерија или габи.
За ова откритие добиена е и Нобелова награда.
Потоа се открило дека се работи за многу необичен протеин, кој се однесува многу чудно: Од првобитниот состав на крвотокот стигаат до невроните на чија површина се прилепуваат и со тек на времето на необјаснет начин ги претвораат белковините во исти како и себе. Наречени се „приони“. Не е познато зошто не се однесуваат така, освен откако некој однадвор не почне да ги манипулира. Неодамна се појави теорија дека нивната улога е заштита на површините на нервните станици.
Во секој случај, во наредните години научниците сфатиле дека прионите предизвикуваат ред други болести, како кравјото лудило. Откако на племето Форе му објасниле што се случува, тие престанале со традицијата на погребите. Сепак, уште долго после тоа умирале заради големиот период на инкубација на болеста. Последниот од нив умрел во 2009 година, а некаде околу 1900 година еден припадник на племето спонтано го развил тој протеин во телото, што се случува исклучително ретко, па таа болест почнала да се шири на југ. Денес знаењето за прионите е широко, иако нема лек бидејќи прионот е отпорен на хемиски, биолошки третмани и третмани со топлина. Но, за среќа полека се појавуаат терапии кои барем и малку, сепак делуваат.Дури во 1950-те години антрополозите почнале да ги проучуваат тамошните жители и откриле нешто неверојатно. Племето Форе имало 11000 членови, но се