Кога ќе слушнете снимка од сопствениот глас, најчесто тоа ви звучи различно од она што го слушате кога зборувате. Тоа е така со повеќето луѓе. Тие се слушаат постојано кога зборуваат, но зошто кога ќе слушнат снимка нивниот глас е различен?Одговорот не е сложен. Тоа што го слушате кога зборувате не е исто на она што го слушаат другите, вели директорот на Научниот центар за слух на Универзитетот Пенсилванија, Јеил Коен.
– Гласот кој го слушате од записот е вистинскиот звук на вашиот глас – вели Коен.
Три мали коски во средното уво се причина за разликата помеѓу она што мислите дека е вашиот глас и она што другите го слушаат. Овие мали коски се клучни за перцепцијата на бучава од човекот. Ушното тапанче вибрира против овие коски и тие пренесуваат вибрации кон кохлеата во внатрешното уво.
Кохлеата ја претвора оваа вибрациска енергија од надворешниот свет во електрични импулси во мозокот. Ова се нарекува трансдукција и овој процес е причината да се генерира перцепираната бучава од луѓето. Создавањето на информации преку вибрациите на овие коски во средното уво се нарекува „коскена спроводливост“, додека создавањето на акустична информација од тресењето на воздухот надвор од ушите се нарекува „воздушна спроводливост.“
Когазборувате, коските во средното уво вибрираат малку посилно, поради близината на устата до ушите. Така гласот ви се пригушува и вие неправилно го доживувате како понизок. Кога ќе го слушнете сопствениот глас на снимање, тоа ви звучи како повисок. Зошто сепак, оваа перцепција најчесто е негативна?
Бидејќи луѓето најчесто имаат сопствена идеја како звучи нивниот глас.
Мозокот сепак е совршен орган и прави неверојатна работа по филтрирањето, преработката и толкувањата на звукот.
Помислете што се случува кога сте на концерт на една рок група, на пример. Таму звуци создаваат гитарист, тапанар, пејачите и тие се мешаат пред да стигнат до вашите уши. Повеќето луѓе, сепак, немаат проблем за различни звуци на одделните инструменти.
– Тоа е затоа што во нашиот мозок звуците од одделните инструменти се целосно поделени, а тоа е дел од магијата на мозокот – вели Коен.Одговорот не е сложен. Тоа што го слушате кога зборувате не е исто на она што го слушаат другите, вели директорот на Научниот центар за слух н