Дали некогаш се имате запрашано по која цена што не смеете да правите во авион? Поранешна стјуардеса одлучила своите искуства да ги пренесе на социјалната мрежа Редит под корисничкото име „adrianne456“ и објаснила што најмногу ја нервирало кај патниците при летовите.Не заземајте места во првата класа
Ако немате карта за прва класа, зошто воопшто би седеле таму? Само ќе се посрамите.
Не пијте кафе или чај
Јас лично не би пиела течности од авионот. Затоа би било најдобро да се избегнуваат чаеви и кафе. Водата не е загадена, но прашање е колку често се чистат тие резервоари.
Не обидувајте се да имате секс во авион
Стјуардесите сѐ гледаат, колку и да мислевте дека сте дискретни. Со леснотија забележуваат двајца луѓе кои влегуваат во тоалет.
Не одете во голема нужда
Ве молам, не одете во голема нужда во авион. Сфаќаме дека понекогаш немате избор, но барем затворете ја вратата зад себе. Всушност, немојте воопшто да одите во тоалет додека патувате со авион. Само пречите.
Не јадете од масичките
Никако не ја спуштајте храната на масичките доколку немате некоја подлога. Тие ретко се чистат.
Не седете назад ако се плашите од турбуленција
Таа често најсилно се чувствува во задниот дел од авионот. Обидувајте се да бирате седишта кои се во предниот дел од авионот.Не заземајте места во првата класа
Ако немате карта за прва класа, зошто воопшто би седеле таму? Само ќе се посрамите.