Исповеди за ПЕКОЛНИОТ ЖИВОТ на послугата на јахтите на богаташите

Шетањето покрај море често се претвора во разгледување на луксузни јахти и едрилици. На брегот секоја од нив како да вреска „јас сум поубава“, а луѓето кои зад оградата ви делуваат како вонземјани како да порачуваат „успеав во животот“. 
Децата со воодушевен израз на лицето и насмевка „од уво до уво“ се загледуваат, тука постои и опасност дека од љубопитност некое ќе падне преку работ. Потоа доаѓа тато, го влече детето на страна, а потоа и тој фрла поглед. Обично на жените им шепкаат нешто во стилот „море лопови едни“ „ова не е безбедно за на океан“, „сироти, не знаат ниту чевли да врзат а не па морнарски јазол“, а жената тивко коментира како „гуската внатре се омажила само за пари, а и навлаките на перниците не и се совпаѓаат со свеќникот на палубата“.
Да ви откриеме нешто. Тие вонземјани кои покрај светлината од свеќите вечераат на чекор до вас, имаат и послуга. Што значи, не мораат да врзуваат јазли, не мораат да се грижат за безбедноста и морето, или да менуваат навлаки. Тука има екипа луѓе кои тоа го прават за нив. Ги плаќаат одлично, а ние пронајдовме исповеди на работници на јахти, кои откриваат како тоа изгледа од другата страна. Бидејќи ова ќе го прочитате, можеби следниот пат само туку – така ќе поминете покрај нив.
Австралиска стјуардеса Сара Бегби, почнала да работи на луксузна јахта во 2014 год. и работела како хостеса година дена. За тоа време го обиколила Тајланд, Индонезија, Сингапур, Малезија, Бурма.
– Приватниот шеф на кујна готвеше и за гостите и за екипажот, а храната е според највисоките стандарди.  Еднаш имавме јапонско Кобе говедско, кое чини 11.000 долари – раскажува таа.
Кога ќе дојде полноќ, нејзина работа била да прави сладолед, колачи и тостирани сендвичи за да ја задоволи гладта на нејзините гости во текот на ноќта.  Иако морало да исполнува барања до доцна во ноќта, станувала пред да изгрее сонцето.
Нејзини должности биле да ја одржува кабината и да сервира храна и алкохол понекогаш и за 16 гости кои имаат многу барања.
– Денот ми почнуваше во 6 наутро и траеше околу 16-18 часа. Никогаш не сум седела подолго од 2 минути, буквално се работеше цело време – раскажува Сара.
И додека богатите клиенти престојувале во луксузните кабини, слугите биле сместени во минијатурна соба.
Добрата страна на нејзината работа?
Продолжува на следната страна:

 

За време на слободните денови слугите можеле да ги користат сите „играчки“ даска за сурфање, даска за веслање… Трошоците за живот се минимални, а месечно на страна тргала по 2.200 фунти.
И Бетани која како стјуардеса на јахта работела 3 години има слично искуство.
– Најдолгиот ден кој го имав траеше 25 часа. Бев без престан на нозе, а најдолгата пловидба траеше 40 дена и во тој период немав стапнато на земја. Немавме време да ручаме, па само грицкавме „од нога“ за да можеме да издржиме – раскажува Бетани.
Таа работела на 4 различни јахти – за азијски бизнисмен, човек „со сина крв“ од Срден исток и повеќе пати за руски милијардер.
– Една од јахтите чинеше милион долари за една недела, а друга 35.000 евра за една недела, но без провизија и гориво – вели девојката.
Ѝ плаќале 4000 евра месечно, а тука биле пресметани сите трошоци, 2 лета годишно до дома и годишен одмор од 60 дена.
– Мојот најголем бакшиш беше 4000 евра за еднодневна пловидба, а со оглед на тоа дека на јахтата имаше 36 членови од послугата, тој бакшиш во целост бил 144.000 евра. Имам пријателка која доби бакшиш од 17.000 евра за дводневен пат. Тоа е најголемата за која сум слушнала – заклучува Бетани.
Анонимна стјуардеса раскажа приказна за 16-годишен син наследник на милијардерка.
Бидејќи голема нужда неколку пати извршил во кревет, послугата тоа го пренела на неговата дадилка. Бидејќи момчето слушнало дека го разоткриле, почнало да им се одмаздува. Секаде каде што имало огледала и стакла оставал отпечатоци од мрсни и валкани прсти.
Тука е и една госпоѓа која барала да ја превезат од Алјаска до Канада за да оди кај нејзиниот фризер.
– Нормално дека сум сретнала многу трофејни жени и ужасни деца кои растат со сребрена лажичка во уста, но запознав и прекрасни луѓе. Немало да стигнат таму кај што се, ако немаат ниту една добра карактерна особина – заклучува една од стјуардесите. 
  
Децата со воодушевен израз на лицето и насмевка „од уво до уво“ се загледуваат, тука постои и опасност дека од љубопитно

Пронајдете не на следниве мрежи: