Еден нов преглед на археологијата на канабисот покажува дека луѓето од Европа и Азија започнале да користат канабис уште во Каменото Доба, објавува порталот „е-наука“.Ова истражување исто така го поврзува зголемувањето на употребата на канабисот во Источна Азија со појавата на трансконтинентална трговија на почетокот на Бронзеното Доба, пред околу 5.000 години.
Луѓето од племето Јамнаја во Централна Евроазија (ова племе се смета за едно од трите клучни племиња кои ја основале Европската цивилизација) се рашириле на исток, па се смета дека така го рашириле и канабисот.
Научниците со децении пронаоѓаат канабис при археолошките ископувања во Евроазија. Сега, истражувачите од Германија составиле база на податоци на археолошката литература за да ги идентификуваат трендовите и моделите на праисториската употреба на канабис.
Често се претпоставува дека канабисот за прв пат е користен, а можеби и одгледуван, некаде во Кина или централна Азија, но новата база на податоци укажува на алтернатива.
Некои од најновите истражувања вклучени во базата на податоци сугерираат дека канабисот влегол во археолошките записи на Јапонија и Источна Европа во речиси исто време како и во Евроазија- некаде пред околу 11.500 и 10.200 години.
Истражувачите сугерираат дека различни групи на луѓе на територијата на Евроазија самостојно започнале да го користат ова растение во тоа време, можеби поради психоактивните својства, или пак како извор на храна или лекови, или пак можеби за да прават текстил од неговите влакна.
Но, податоците укажуваат на тоа дека само во западна Евроазија луѓето редовно го користеле канабисот, додека во источна Евроазија податоците за неговата упореба биле прилично расфрлени. Тоа се променило пред околу 5.000 години, на почетокот на Бронзеното Доба кога употребата на канабис очигледно се зголемила.
Според истражувачите, тоа се должи на трансконтиненталната трговија – номадските сточари во евроазиските степи го совладале јавањето на коњи и патувале поголеми растојанија, со што започнале да создаваат трансконтинентални трговски мрежи, следејќи ги истите рути кои неколку милениуми подоцна ќе станат Патот на свилата.
Овој „Бронзен Пат“ им овозможувал да пренесуваат секаква стока помеѓу истокот и западот, потенцијално вклучуваќи го и канабисот.
Истражувачите велат дека ова е само хипотеза која треба да се тестира, но нагласуваат дека високата вредност на канабисот би го направила идеална стока за размена.Ова истражување исто така го поврзува зголемувањето на употребата на канабисот во Источна Азија со појавата на трансконтинентална трговија на почет