Еве како обичниот муабет да го претворите во паметен и конструктивен разговор.Кога посетувате друштвени собири, било тоа да се свадби или собири поврзани со работа, важно е да сте запознаени со уметноста на лесна комуникација. Водењето на неформален разговор е најдобар начин да остварите контакти на работа и надвор од неа.. Но, многу често луѓето пропуштаат прилика да ги зацврстат познанствата кои ги стекнуваат во такви ситуации.
Постојат неколку тактики кои можете да ги примените за разговорот да не остане површен до самиот крај, и на тој начин да создадете можност односите со личноста да се развијат во деловен, пријателски или романтичен правец.
Еве што советуваат Колин и Бедекер, автори на книгата „ What to Talk About : On the Plane, at a Coctail Party, in a Tiny Elevator with Your Boss’s Boss Hardcover “
1. Не барајте одговори туку поставете прашање за да ви раскажат цела приказна:
Наместо
Како сте?
Како го поминавте денот?
Од кај сте?
Со што се занимавате?
Сакате ли нешто да се напиете?
Прашајте:
Кажи ми нешто за себе
Што правевте денес?
Што е најинтересно што ти се случи денес?
Како завршивте во оваа сфера на работење?
Што имате во план за следната недела?
2. Не имитирајте, бидете оригинални
Додека дрдорат луѓето имаат тенденција да го присвојат однесувањето на другата личност за да изгледаат уште пољубезни, но таквото однесување нема да придонесе до продлабочување на разговорот. Ако некој каже: „Убав ден денес“, а вие одговорете „Да, баш убав“, разговорот е завршен. За тоа да го спречите бидете проактивни, кажете нешто неочекувано, можеби и апсурдно. Не дозволувајте разговорот да замре само затоа што сакате да ја испочитувате друштвената норма, со тоа што ќе дадете досаден одговор.
Бидете храбри и кажете го тоа што го мислите. Неофицијалните разговори се доволни ако сакате да остварите контакти, но за со некој да развиете однос, мора да ризикувате. Кога посетувате друштвени собири, било тоа да се свадби или собири поврзани со работа, важно е да сте запознаени со уметноста на лесна комуникација



