Релативно млада планета, стара само 2 милиони години, што не е ништо во споредба со нашата планета која е стара 4.5 милијарда години, откриена е на 1100 светлосни години од Земјата.Оваа егзопланета е наречена ПТФО8-8695б, слична е на Јупитер по тоа што е гасен гигант, а во моментов остана без својата гасовита атмосфера поради прегревањето на нејзиното сонце.
Кристофер Џонс-Крул, водечки автор од универзитетот Хјустонс Рајс, изјави:
„Не знаеме каква ќе биде судбината на оваа планета. Очигледно е дека е формирана подалеку од својата ѕвезда и дека е преместена во точката во која сега бива уништена. Не знаеме колку брзо оваа планета ќе изгуби на маса и дали ќе успее да преживее.“
Земјата најверојатно ќе доживее слична судбина кога Сонцето ќе почне да изумира, ширејќи се и уништувајќи сѐ во близина.
Се смета дека Сонцето ќе почне да изумира за околу 5 милијарди години, а дека Земјата ќе биде уништена кратко потоа.
Европската вселенска агенција (ЕЅА), неодамна зборуваше за тоа дека Сонцето за 5 милијарди години ќе почне да ги отфрла своите надворешни обвивки, откривајќи го горечкото јадро кое постепено ќе почне да се лади, станувајќи големо бело џуџе.
Дотогаш, Земјата нема да постои.Оваа егзопланета е наречена ПТФО8-8695б, слична е на Јупитер по тоа што е гасен гигант, а во моментов остана без својата гасовита атмосфера поради