Часот на раѓање открива кон што сте склони и каков ви е карактерот!

Часот на раѓање има големо влијание врз луѓето – од него многу зависи дали сте склони кон амбиција, работа или љубов…

Часот на раѓање открива кон што сте склони и каков ви е карактерот!

Од 0 до 01 часот
Оние што се родени во овој термин се карактеризираат со импулсивност и агресивност здружена со голема истрајност и издржливост. Околината ги смета за мошне упорни, тврдоглави и изразено горди личности на кои што често им недостуга такт, трпение, способност за дипломатија. Во поволните животни околности астролошката констелација може да овозможи неверојатни творечки достигнувања, спорсти успех или војничка кариера.


Од 01 до 02 часот
За вас моќта, угледот и статусот се најважните животни категории. Јасно сте ориентирани кон материјалните вредности, имотните апсекти и материјалното царство. Поради тоа може да трпат вашите најблиски. Вашиот животен успех во најголема мерка зависи од огромната енергија што ја поседувате, а потребно е правилно да ја насочувате кон вашите цели. Вашето искачување кон врвот често е потпомогнат од некои влијателни или повозрасни личности.


Од 02 до 03 часот
Имате сјајни можности истовремено да се посветувате на различните работи и паралелните цели. Мошне сте динамични и способни искрено да се одушевувате или да уживате во различните животни радости. Понекогаш сте исклучиви и нетолерантни, потребно е да прифатите повеќе трпение во животот и подобро да се прилагодувате во социјалните односи.


Од 03 до 04 часот
Вие сте мошне чувствителна личност, лесно ве повредуваат вашите чувства и ја пореметуваат вашата психолошка рамнотежа. Конкретните докази за предаденост, верност и наклонетост подеднакво ви се важни, како што ви се важни приврзаноста кон семејството и домот или кон домот. Имате потреба да изградите финансиска сигурност. Умеете вешто да калкулирате со парите, со имотните апсекти, недвижностите, финансиите. Важно ви е да се оставрите во семејството, но и во работите што се поврзани за уметност или за некоја социјална област.


Од 04 до 05 часот
Вашиот ментален склоп и начинот на размислување секогаш се насочени кон некоја конкретна и остварлива цел. Поседувате смисла за добра организација, знаете да изразите силна концентрација и сила на волјата. Речиси во секоја работа станувате авторитет. Премногу значење им придавате на општествените односи, а тогаш ви се случува да западнете во депресивни расположенија.


Од 05 до 06 часот
Најдобро се чувствувате кога имате прилика во постоечкиот хаос да воведете ред. Вас ви се најбитни деталите, па поради тоа честопати ви е тешко да направите разлика помеѓу битните и небитните работи. Многу често ризикувате да трошите пари на ствари кои не ви се воопшто потребни. Во работата сте педантни и совршено ги извршувате своите должности.


Од 06 до 07 часот
Шармантни сте и секогаш сте добро облечени. Вашиот дом е уреден со стил и е место каде што честопати се собирате со вашите пријатели. Многу сте љубезни со сите луѓе. Најголемата опасност за вас лежи во фактот дека, вашата емоционална стабилност зависи од другите луѓе, а не од вас самите.


Од 07 до 08 часот
Работите ги кажувате онакви какви што се и немате влакна на јазикот. Го кажувате само она што го мислите, но понекогаш знаете и да молчите како зашиени. За успехот кој го постигнувате на работното место, можете да ѝ се заблагодарите на вашата богата фантазија и подготвеноста да ги подредите сите работи кон една цел, која се стремите да ја постигнете. Нечии интриги и недовербата кон другите луѓе, можат да ве извадат од такт.


Од 08 до 09 часот
Играта, спортот и долгите прошетки на чист воздух се многу важни за вас. Секогаш сакате да ги преминувате границите, без разлика дали станува збор за друштвени, духовни или државни граници. Многу ве привлекуваат странци. За да оформите ново пријателство, потребно ви е истото да ви понуди нешто ново кое досега не сте го доживеале. Родени сте авантуристи.


Од 09 до 10 часот
Вам постојано ви се потребни некакви поводи за да бидете активни. Благодарение на вашиот голем талент за организација и дисциплина, секогаш ги остварувате целите коишто ги имате зацртано. Добро се чувствувате кога им помагате на другите, пред сѐ на членовите на вашето семејство.


Од 10 до 11 часот
Вам сите луѓе ви се еднакви. Според вас не постојат класни разлики и му дозволувате на секој да го докаже својот личен став и развој. Имате силна интуиција која ви овозможува лесно да ги предвидите настаните, полни сте со разбирање кон другите луѓе и секогаш сте отворени за нови идеи. Со оглед на тоа што многу ги сакате луѓето, најчесто преферирате да бидете опкружени со искрени пријатели.


Од 11 до 12 часот
Особено сте успешни кога работата ја извршувате „зад сцената“. Така навистина можете да постигнете големи успеси. Сѐ додека можете да си обезбедите доволно мир за да си ги наполните батериите, ќе можете да остварувате извонреден успех во полето на уметноста и вам ништо нема да може да ви застане на патот.

Наредните 12 часа можете да ги најдете подолу на страната 2 од овој текст ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.