Погледнете ја сликата. На прв поглед може и да изгледа дека срцата на неа се виолетови и портокалови. Всушност, бојата им е иста, пишува IFLS.Не сте доволно убедени?
Погледнете го видеото подоле, дело на Bite Size Psych и ќе видите како изгледаат фигурите без линиите врз нив.
Авторите на видеото објаснуваат дека токму овие линии влијаат врз нашата перцепција. Околу виолетовите срца тие се сини, додека околу портокаловите – зелени.
Овој трик, како и повеќето оптички илузии, ни покажува како работи нашиот визуелен систем. Перцепцијата може да биде искривена во зависност од контекстот и средината околу објектот.
Како што и самите можете да забележите во видеото, постојат многу слични примери.Не сте доволно убедени?
Погледнете го видеото подоле, дело на Bite Size Psych и ќе видите како изгледаат фигурите без линиите врз нив.



