Според различни тврдења, младите кои често користат смартфони имаат потешкотии при концентрирање и отежната краткорочна меморија, за разлика од луѓето кои не биле изложени на интернет и смартфони во текот на своето детство.Научниците од Универзитетот во Британска Колумбија направиле истражување со 221 млади луѓе, За една недела нивните телефони биле оставени на вибрации и на растојание од една рака. Во втората недела, звукот им бил целосно исклучен. Главниот научник на проектот Константин Кушлев, вели дека навистина не знаел што да се очекува од резултатите.
Излегува дека во текот на неделата, во која младите имале можност да го проверуваат смартфонот секој пат кога тој вибрира, тие пројавиле симптоми слични на Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (Attention-Deficit Hyperactivity Disorder, или ADHD). Тие се изразени во намалена концентрација и неспособност за контрола. Важно е да прецизира дека научниците не тврдат дека смартфоните предизвикуваат ADHD – едноставно набљудуваните симптоми се слични на оние на болеста.
Во детали, испитаниците навистина започнувале да се деконцентрираат кога смартфонот им вибрира, да се чувствуваат потиснати и немирни. Во втората недела пак, како што рековме, смартфоните на младите биле со целосно исклучен звук и биле прибрани. Тие имале право да ги погледнуваат, но само кога тие сами ќе решат (без да знаат дали некој им пишал и др.).
За споредба, во овој втор период, тие немале слични проблеми, дури напротив – тие станале попродуктивни, не доживеале здодевност и лесно се фокусирале на работа. И сето тоа само затоа што не добивале известувања на секои 5 минути.
Значи, во заклучокот може да се спомене дека можноста да бидете предупредени секој пат кога на некој му се допаднала ваша фотографија или објава во одредена социјална мрежа, не е најкорисна за вас од продуктивна гледна точка…Научниците од Универзитетот во Британска Колумбија направиле истражув


