Филџан од Аушвиц крие голема тајна!

Работниците во Музејот во Аушвиц откриле дека филџан што наистите му го одзеле на некој затвореник повеќе од 70 години крие тајна.Пронашле златен прстен и синџирче кои биле внимателно замотани во платно и вметнати во лажно дно а филџанот. Тоа било последниот имот на некој кој бил одведен во Аушвиц, еден од најголемите концентрациони логори во Втората светска војна.
Анализите откриле дека златниот прстен е направен во полска меѓу 1921 и 1931 година.
„Криењето вредно предмети покажува дека жртвите знаеле дека пљачките се дел од депортацијата, но и дека еврејските семејства секојаш имале ронка надеж дека ваквите предмети им се потребни за да преживеат“, вели Пјотр Цивински, директор на музјеот.
Им ветувале нов живот
Нацистите често им велеле на луѓето што ги воделе во логор дека само ги преселуваат, им ветувале нов живот на ново место, така што им било дозволено да си понесат малку алишта, додава Цивински.
Војниците биле убедени дека „во облеката ќе пронајдат и предмети со огромна вредност“.
Тајнатиот филџан бил откриен додека вработените во музејто ја осигурувале колекцијата од 12.000 кујнски предмети.
Од музејот велат дека често не можат да идентификуваат кој бил сопственик на скапоцените предмети.
Во Аушвиц се убиени приближно 1,1 милион луѓе.Пронашле златен прстен и синџирче кои биле внимателно замотани во платно и вметнати во лажно дно а филџанот. Тоа било последниот имот на некој кој

Пронајдете не на следниве мрежи: