Што да направите кога сакате да повикате пријател или пријателкја од детството на венчавка, но без придружба? Дали е непристојно да пратите покана за една личност?Подготовките за венчавка би можеле да бидат многу стресни, посебно за невестите кои би сакале за тој ден од соништата да бидат точно онакви како што замислувале.
А што би направиле кога сакате да повикате пријател или пријателкја од детството на венчавка, но без придружба? Дали е непристојно да пратите покана за една личност?
Британката Џули Фарел и порачала на Кори: Непристојно!
Една венчавка ќе се памети уште долго. Обичај во Велика Британија е на дневниот, формален дел од венчавката да присуствува семејството и најблиските пријатели, а на вечерниот, неформален, колегите и останатите пријатели…
Џули Фарел и нејзиниот партнер биле во врска неколку години, не била некоја минлива авантура, вели Џули. Тој бил пријател на младоженецот уште од школските денови, а невестата била дел од тоа поголемо друштво така што веќе некое време се познавале и се дружеле заедно.
Сепак поканите им биле пратени посебно, а не заедно како пар. Она што уште повеќе ги изненадило било тоа што нејзиниот партнер бил повикан и на формалниот и неформалниот дел од венчавката, а таа само на неформалниот.
Оваа ситуација толку ги изненадила и разочарала што на сите на социјалните мрежи одлучила да им раскаже за оваа случка и да им порача: Непристојно е да се повика личност на свадба без партнер или партнерка.
Се согласувате ли?Подготовките за венчавка би можеле да бидат многу стресни, посебно за невестите кои би сакале за тој ден



