Откриена е разликата меѓу кучињата и мачките – кои повеќе го сакаат сопственикот?

Едно ново истражување за документарен филм на BBC покажа дека кучето чувствува 5 пати поголема љубов кога ќе го види сопственикот отколку мачката. 
Љубовта е хемија, велат научниците, па така и било извршено мерењето. Кога кучињата го гледаат својот сопственик, лачат окситоцин, хормон што го симулира задоволството во мозокот и ни помага да се зближиме. Овој пат, истражувачите го тестирале “љубовниот хормон” кај милениците пред и по средбата со сопственикот. Тестот покажал дека нивото на окситоцин пораснало и кај едните и кај другите, но кај кучињата порастот изнесувал 57.2 проценти за разлика од 12 проценти кај мачките.
Ова не е прво вакво истражување. Минатата година, едно списание објавило дека гледањето во очите на кучињата го ослободува хормонот на љубовта кај луѓето. “Луѓето го користат погледот за зближување во комуникацијата и се многу почувствителни на контакт преку поглед”, изјави Такефуми Кикусуи од Универзитетот во Јапонија.
За научниците беше пријатно изненадување што мачките воопшто се способни да го произведуваат хормонот на љубовта. Сега се знае дека и тие се зближуваат со сопственикот, иако некои луѓе не веруваа во тоа.
  
Љубовта е хемија, велат научниците, па така и било извршено мерењето. Кога кучињата го гледаат својот сопственик, лачат окситоцин, х

Пронајдете не на следниве мрежи: