Ако ги имате ОВИЕ смртоносни растенија, ВЕДНАШ ИСФРЛЕТЕ ги од домот!

Одредени растенија можат да бидат опасни за здравјето на целото семејство и домашните миленици. Ви донесуваме список на смртоносни растенија кои треба да ги отстраните од домот.Филадендрон
Билниот сок кој го содржи филадендронот може да ѝ наштети на кожата и на усната празнина. Може да доведе до отежнато дишење, оток на грлото и стомачни болки. Затоа би било добро оваа билка да не ја чувате во вашиот дом, доколку имате мали деца и домашни миленичиња.

Кукута
Ова цвеќе во вашиот двор може да се појави како трева. Ако имате домашни миленичиња задолжително уништете го. Отровот од ова растение мириса на морков и ги привлекува животните. Ако се изеде, директно го напаѓа нервниот систем. Како кај животните, така и кај луѓето може да предизвика епилепсија, па дури и смрт.

Англиски тис
Кај ова растение најопасно е неговото семе. Меѓутоа, не се ништо помалку отровни и останатите негови делови. Алкалоидите кои се наоѓаат во тисот може да предизвикаат: грчеви, парализа, а во најлошиот случај може да дојде до срцев удар.

Беладона, див тутун
Ова растение често се наоѓа по нивите и меѓите, а има препознатливи листови со темно зелена боја и бели цветови со силен мирис, а по прецветувањето има интересни црни бобинки. Но, целото растение содржи јаки отрови, меѓу кои најсилен е атропинот. Ако се изедат доволно бобинки, отровот делува брзо напаѓајќи го нервниот систем и го парализира телото. Името беладона значи „убава дама“, а ова растение било користено многу одамна за труење на кралеви и благородници.

Рицинус
Ова е многу популарно растение, се одгледува за семките и од него се прави интересно масло. Исто така, се одгледува и како декоративно растение. Но, и покрај интересните одлики, тоа содржи многу силен отров – рицин. Отровот е многу концентриран во семките, ако се проголтаат повеќе семки наеднаш, се доживува гадење, повраќање, внатрешно крвавење, откажување на бубрезите, и смрт.

Олеандер
Расте во речиси сите дворови, низ градовите како декоративно растение, но се смета за едно од најотровните растенија на светот. Ова растение е многу атрактивно бидејќи спречува ерозија, расте брзо, има декоративни разнобојни цветови и не го напаѓаат животни. Има и зошто. Сите делови содржат отрови, и тоа неколку различни видови отрови. Отровите се толку силни, што човек може да се отруе ако јаде мед кој го собрале пчелите од нектарот на олеандерот. Толку е отровен, што ако човек изеде само еден лист од олеандер, ќе почувствува пролив, повраќање, силни болки, вртење, неправилна работа на срцето што често завршува со смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи: