Можеби сте забележале дека кога вашето куче ќе слушне некој чуден звук или кога нешто му зборувате, ја наведнува главата настрана. Со ова неодоливо однесување како да сака да ви порача дека ве слуша, но што всушност значи тоа?Сакаат подобро да ве слушнат
Кучињата имаат подвижни ушни школки, што им овозможуваат да го лоцираат изворот на звукот, а со помош на мозочните функции да го определат времето на звукот што треба да дојде до ушите. Кога кучето ја поместува главата, прима дополнителни информации, односно тоа му помага подобро да го лоцира местото и оддалеченоста од изворот на звукот.
Се обидуваат да нѐ разберат
Според мислењето на Стивен Линдски, експерт за однесување на кучињата, миленикот се обидува да ги идентификува познатите зборови или тонови кои го асоцираат на награда (шетање или десерт).
Мускулите од средното уво кај кучето го контролираат делот од мозокот кој е одговорен за изрази на лицето и движењата на главата, па некои експерти заклучуваат дека кучето на тој начин слуша и се обидува да комуницира.
Можат подобро да го видат лицето
Во настојувањата да нѐ разберат, кучињата не ги користат само нашите зборови и интонација, туку и изразите на лицето, говорот на телото и движењата на очите. Затоа, со наведнувањето на главата се обидуваат подобро да ги согледаат знаците на нашето лице!
Погледнете го видеото во кое се прикажани неодоливи мопсови како ги слушаат сопствениците.Сакаат подобро да ве слушнат
Кучињата имаат подвижни ушни школки, што им овозможуваат да го лоцираат изворот на звукот, а



