Сликата на која е прикажана мртва девојка со пиштол во рака и проштално писмо на масата е објавена на Имгур заедно со прашањето „Убиство или самоубиство?“, а за краток период успеа да збуни многу луѓе на интернет.Дали можете да воочите за што станува збор?
Ако немате идеја што би можело да биде решение за случајот, ова е теоријата која е најпопуларна:
Случајот би требало да го решавате како убиство.
Јасно е дека девојката на сликата е леворака, а пиштолот го држи во својата десна рака.
Дека е леворака може да се заклучи врз основа на положбата на пенкалото до прошталното писмо, но и по тоа каде се наоѓаат лименката и пепелникот.
Понатаму, до прошталното писмо има очила, па јасно е дека личноста имала проблеми со видот. Зошто некоја личност која има проблеми со видот би пишувала во мрак (тоа може да се забележи, бидејќи светилката на масата не е вклучена)?
Се претпоставува дека ако сакала да се самоубие ќе ја довршела цигарата, а и трагите од крв на ѕидот збунуваат.
Дали можете да воочите за што станува збор?
Ако немате идеја што би можело да биде решение за случајот, ова е теоријата која е најпопуларна



