Пред да се обратите на фризер и да се одлучите за бојадисување во друга нијанса, задолжително испробајте го овој третман со витамин Ц, кој не може да ви ја уништи косата.Ја бојадисавте косата во нова боја, но резултатот не ви се допаѓа? Бојата испаднала премногу темна или стандардната боја на вашата коса веќе ви здодеала? Ние имаме решение – отстранете ја несаканата фарба за коса со помош на витамин Ц.
Пред да се обратите на фризер и да се одлучите за бојадисување во друга нијанса, задолжително испробајте го овој третман со витамин Ц, кој не може да ви ја уништи косата.
Потребен материјал:
– Неколку таблети витамин Ц од 500 мг
– Квалитетен шампон за коса
– Капа за туширање или обично кесе
За почеток истолчете ги таблетите витамин Ц за да добиете прав и ставете го во мал сад. На таблетите потоа додадете им шампон, малку повеќе од што обично користите за миење, за да можете косата убаво да ја обложите.
Се добро измешајте и уверете се дека нема поголеми парчиња витамин Ц или грутки. Смесата нанесете ја на влажна коса по целата должина. Масирајте ја со прстите косата 5 минути за да бидете сигурни дека секое влакно е премачкано со оваа смеса.
Кога ќе во втриете шампонот, завиткајте ја косата и ставете на глава капа за туширање или пластична кеса па оставете се да делува околу 45 минути. Преку рамо за секој случај ставете и некој стар пешкир бидејќи постои можност дека бојата ќе капе како ќе испаѓа од косата.
После 45 минути тргнете ја крпата, добро измијте ја косата и нанесете регенератор. Овој третман функционира кога е во прашање трајна боја или колор шампон и е одличен начин да ја отстраните фарбата ако сакате промена на бојата или едноставно сакате посветла нијанса.
Исто така, треба да знаете дека овој третман не делува на природната боја и нема да ја осветли вашата природна нијанса , а самиот резултат зависи од квалитетот на вашата коса и количината на витамин Ц која ја користите. Ја бојадисавте косата во нова боја, но резултатот не ви се допаѓа? Бојата испаднала премногу темна или стандардната боја на вашата коса веќе ви здо



