Поткожните влакна се јавуваат и кај мажите и кај жените, но постои решение како да се реши овој проблем без да одите на дерматолог.Еднаш до два пати неделно правете пилинг на кожата, посебно на оние критични места каде влакната најмногу ви враснуваат. Смесата за пилинг можете да ја купите, а можете и сами да ја подготвите.
Со редовно чистење на кожата со пилинзи им помагате на влакненцата полесно да излезат на површина, а доколку веќе дошло до враснување ќе го симнете слојот кожа кој при настанатиот проблем може да се инфицира.
При туширање и миење користете луфа или четка- делуваат слично како пилинг, а не бараат многу труд и не можат да се потрошат, како пилингот кој сте го купиле или направиле.
Луфата менувајте ј а барем еднаш месечно, со хигиенски причини.
Доколку влакното веќе враснало, обидете се да го извадите на површина со помош на топли облоги.
На местото на кое се наоѓа проблемот ставајте памучен пешкир натопен во топла вода три пати на ден. Притиснете го местото и држете така пет минути. После ден два влакното би требало да излезе.
Кога ќе излезе извадете го со пинцета, но само доколку претходно сте ја пребришале со алкохол. Користете го врвот на пинцетата и НЕ КОПАЈТЕ ја сопствената кожа доколку влакненцата се уште ги нема на видик.
На крај местото дезинфицирајте го со алкохол.Еднаш до два пати неделно правете пилинг на кожата, посебно на оние критични места каде влакната најмногу ви враснуваат. Смесата



