Сателитска снимка од Египет откри дека реката Нил стана ЦРВЕНА КАКО КРВ!

Нова сателитска фотографија од делтата на Нил во Египет, покажува дека реката е обоена во темно црвена боја, што асоцира на библиската старозаветна легенда во која Нил се претвора во река на крвта.Библиската легенда за Мојсеј гласи дека го претворил Нил во река од крв за да му покаже на својот брат фараон колку Евреите страдаат како робови во Египет. Сепак, за оваа појава не е одговорен Божјиот гнев.
Сателитот „Сентинел-3А“ кој ја забележа оваа глетка, користи радиометар кој ги фаќа инфрацрвените бранови должини.
Одговорот лежи во топлината која ја зрачи вегетацијата на ова подрачје. Сателитот, кој е лансиран во февруари, дизајниран е да ги надгледува планетарните климатски промени.
Сателитот ќе може да ги забележи претстојните суши, така што ги детектира промените во бојата која укажува дека посадените житни и градинарски култури ќе пропаднат.
Една од најголемите предности на овој сателит е способноста да ја скенира планетата за само еден ден и да ги праќа резултатите на Земјата за неколку часа, што на научниците им дава подетален увид во климатските промени и како тие влијаат врз околината.
Ова технологија ќе може да го унапреди и прогнозирањето на временските неприлики.Библиската легенда за Мојсеј гласи дека го претворил Нил во река од крв за да му покаже на својот брат фараон колку Евреите страдаат како робови во

Пронајдете не на следниве мрежи: