Никој не знае дали некаде го стигнала заслужената казна, или сѐ уште понатаму неказнето убива во далечните краишта на Јужна Америка.Педро Алонзо Лопез од Колумбија, познат и како „Монструм од Андите“, според сопствено признание, виновен е за убиство на повеќе од 350 девојчиња на возраст помеѓу 8 и 12 години, во Еквадор, Перу и Колумбија. Многумина веруваат дека реалните бројки се значително поголеми…
По 16 години минати во затвор во Еквадор и 5 години во болница за психички болести во Колумбија, во 1998 година бил прогласен за излекуван и пуштен на слобода.
На монструмот, кој тврдел дека повторно ќе убива кога ќе биде слободен, му се губи секаква трага. Никој не знае дали сѐ уште се движи низ пустите краеви на Јужна Америка.
Масовниот убиец Лопез е роден во 1948 година во градот Толмија во Колумбија, како седмо од 13-те деца на сиромашна проститутка. Мајка му го исфрлила од дома кога наполнил 8 години, откако видела дека има сексуални односи со својата сестра. Од тогаш гладувал, просел и како што тврди, неколку пати бил жртва на брутални сексуални напади.
Во затвор завршил на 18 години поради кражба на автомобил, а таму доживеал групно силување. На своите силувачи им се одмаздил и убил тројца од четворицата, а по излегувањето го започнал крвавиот поход. За начинот на кој „оперирал“ најдобро сведочи интервјуто кое го дал за еден весник кратко пред да биде ослободен.
„Жртвите ги барав пред трафики. Тоа беа девојчиња со одреден изглед на лице, убави и невини. Мораа да бидат добри девојчиња. Понекогаш ги следев и по 2-3 дена, чекав да останат сами. Ќе им дадев по некој подарок, ќе ги одведев надвор од градот, им ветував и подароци за нивните мајки. Потоа ги носев во мојата скривница, а таму ги чекаше подготвен гроб. Понекогаш во него имаше тела од разни жртви. Ги галев, а во зората ги силував. Изгрејсонцето ме возбудуваше. Ги присилував девојчињата на секс, па со рацете ги фаќав за врат. Додека сонцето изгреваше, јас ги давев. Доволни беа по 15 минути за да умрат. Бев многу внимателен. Долго време седев крај нив, за да бидам сигурен дека се мртви. Понекогаш морав да ги убивам `по втор пат`. Никогаш не врискаа, бидејќи не очекуваа дека нешто ќе се случи. Беа невини. Моите мали другарки сакаа друштво. Често ставав по 3 или 4 од нив во ист гроб. Но, по некое време ми здодеа, па барав нови жртви“ – изјавил тој.
По првите неколку убиства на девојчиња од Еквадор, тамошните Индијанци го откриле и го фатиле, го мачеле и го закопале во земја до врат.
Неколку христијански мисионери го ослободиле и му овозможиле да побегне, по што тој продолжил со својата мисија. Не се знае дали престојот во затвор и во болница ги смениле неговите размислувања.Педро Алонзо Лопез од Колумбија, познат и како „Монструм од Андите“, според сопствено признание, виновен е за убиство на повеќе од 350


