Малку луѓе знаат за организацијата Аненербе, чие полно име е „Германско друштво за проучување на античката германска историја и наследството на предците.“ Тоа е тајно друштво основано од донациите на Хајнрих Химлер, Херман Вирт и Рихард Валтер.Херман Вирт бил холандски историчар опседнат со Атлантида, а Рихард е творец на нацистичката идеологија „Крв и земјиште“. За главен основач на Аненербе се смета Хајнрих Химлер, кој подоцна станал командант на единиците „SS“.
Организацијата Аненербе официјално е регистрирана како друштво за проучување на античката интелектуална историја и германско наследство. Но, организацијата е финансирана од страна на членовите на Третиот рајх и вистинската нејзина цел била да ги истражува историјата и карактеристиките на ариевската раса во обид да се докаже дека Германците се потомци слични на Господа – античка раса.
Еден од соништата на Химлер бил да се создаде нова религија која ќе го замени христијанството во Германија. За таа цел, Аненербе, кое било интегрирано во SS во 1940 година, извршувало бројни мисии низ целиот свет. Во повеќето случаи се пребарување ретки мошти, митски места и древни текстови.
Организацијата имала над 50 гранки кои се занимавале со над сто истражувачки проекти. Некои од филијалите се квалификувале за експедиции во Тибет, Индија и други археолошки експедиции. Биле вршени ископувања и во Германија, Грција, Полска, Исланд, Романија, Хрватска. Ескпедиции биле испраќани дури во Африка и Русија (делот од Русија која бил окупиран). По нецелосно разјаснети причини, најважната држава за Аненербе била Тибет.
Еден од истражувачките институти на Аненербе се занимавал со теоријата за светскиот мраз. Била подигната хипотезата дека нашата планета поседува неколку месечини и нивното движење предизвикува поместување на Земјината површина како и евентуални катаклизми. Научниците во организацијата исто ја одржувале и теоријата дека Земјата е создадена откако огромно парче мраз се скршило во Сонцето. Најприоритетна цел на Аненербе било окривањето на Атлантида и Светиот грал.
Покрај историски експедиции, во организацијата се вршеле и врвни тајни експерименти со нови технологии, од кои некои вклучуваат антички артефакти или инструкции од антички текстови. Експерименти се вршени и врз живи човечки суштества.
Тоа била доста интензивна работа. Но, каде отишле сите знаења и откритија? Последниот центар на Аненербе се наоѓал во селото Вајшенфелд во Баварија. Според достапните информации, пред тврдината да падне во рацете на Американците, голем дел од документите биле уништени.
Сѐ што е отворено од Аненербе, меѓу древните текстови и артефакти, е веќе одамна загубено, или барем така нѐ тераат да мислиме.Херман Вирт бил холандски историчар опседнат со Атлантида, а Рихард е творец на нацистичката идеологија „Крв и земјиште“. За главен осн



