Со матични клетки до НОВИ ЗАБИ во устата!

Во Журналот на истражувања наменети за заби, неодамна е објавена студија која наведува дека нова техника на регенерација на ткивото ќе овозможи повторен раст на забите.Д-р Џереми Мао, проферсор по забна медицина на Универзитетот во Колумбија, објасни дека тридимензионално помагало со фактор за раст може да регенерира и повторно да создаде анатомски исправни заби за само неколу недели по вградувањето.
Оваа процедура ја разви Лабораторијата за инженеринг и регенеративна медицина во рамките на Универзитетот во Колумбија. Процесот се одвива така што матичните клетки од организмот се ставаат на помагалото кое се состои од природни материјали. Кога помагалото ќе стане колонизирано со матични клетки, забот почнува да расте заедно со околното ткиво.
На овој начин, забите растат директно во устата, анатомски се исправни и се регенерираат со помош на природни материјали кои се достапни во организмот. Ваквиот забен третман го намалува времето на заздравување и претставува природен процес.
Патентот веќе е поднесен, а Универзитетот во Колумбија бара соработници кои ќе помогнат во комерцијализирањето на оваа технологија.Д-р Џереми Мао, проферсор по забна медицина на Универзитетот во Колумбија, објасни дека тридимензионално помагало со фактор за раст може да регенер

Пронајдете не на следниве мрежи: