Човечкото тело еволуирало низ илјадници години, па и денес сокрива некои непознати работи за нашите предци.Закржлавениот дел од долгиот мускул на дланката е еден од таквите „остатоци“ од минатото кој го немаат сите луѓе.
Испружете ја раката на маса со дланката нагоре, а потоа со палецот допрете го малиот прст. Доколку забележите испакнато ткиво од крајот на дланката до половина подлактица, се работи за закржлавена тетива во склоп на долгиот мускул на дланката, кои нашите предци ги користеле за качување по дрвјата.
Обично го имаат цицачите, а поизразени се кај мајмуните кои се движат со сите четири екстремитети. Кај човекот тој е еден од петте мускули кои го составуваат рачниот зглоб и помага во флексибилноста на овој дел од телото. Освен децата кои уживаат во качување на стебла, оваа активност не влијае на квалитетот на животот на поединците.
Со оглед на тоа дека оваа тетива не е неопходна за живот и движење, не чуди што со текот на времето закржлавела и исчеснала од едната или двете раце кај дури 16 проценти од популацијата.
Недостатокот на тетивата не означува слабост, ниту влијае на силата на вашиот стисок. Со оглед на тоа дека има недостаток на функционалност, хирурзите ја вадат и ја користат во случај на реконструктивна хирургија или за козметички зафати.Закржлавениот дел од долгиот мускул на дланката е еден од таквите „остатоци“ од минатото кој го немаат сите луѓе.
И



