Достава на пица со робот?

Динг-донг, пред врата ви се појавува робот кој носи фамилијарна пица!Иднината пристигна! Познатата пицерија Доминос наскоро ќе тестира робот за достава на пица во Нов Зеланд, кој, како што е соопштено, ќе биде првиот робот од таков вид во светот. Компаниајата „Домино“ соопштила дека во соработка со властите на Нов Зеланд ќе работи на тестирањето на роботот „Домино“, пренесува агенцијата „Франс прес“. Роботот на четири тркала, развиен во Австралија, е понизок од еден метар и содржи грејни прегради (рерни) во кои може да бидат ставени до десет пици. ДРУ се движи со помош на напојување од батериите и има сензори за избегнување препреки, се наведува во соопштенито на компанијата. Кога ќе порачат пица, нарачателите добиваат посебен код, кој потоа го искуцуваат во тастатурата на роботот за да ја отклучаат преградата во која се наоѓа нивната пица.  – ДРУ е мудар и симпатичен и уверени сме дека еден ден ќе стане интегрален дел од семејството „Домино“. Ова е исклучителна прилика за Нов Зеланд. Во изминатата една година активно и агресивно го промовирав Нов Зеланд како полигон за проба на нови транспортни технологии – изјавил генералниот менаџер на овој синџир на Нов Зеланд, Скот Буш.
Властите на Нов Зеланд се уште работат на прописите кои се однесуваат на автономните возила како што е ДРУ, наведува „Франс прес“.Иднината пристигна! Познатата пицерија Доминос наскоро ќе тестира робот за достава на пица во Нов Зеланд, кој, како што е соопштено, ќе биде првиот

Пронајдете не на следниве мрежи: