Историја на пивото!

Љубители на пивото! Прочитајте!Луѓето правеле пиво уште од кога почнале да се занимаваат со житни култури. Но, во древните времиња, пивото било интегрален дел од дневната исхрана, не служело за напивање. И еве зошто.
Најраниот доказ
Откривањето на начинот на правење леб и пиво се толку многу важни за човечката историја, што им се припишува и раз војот на нови технологии и изградбата на градови. Најраниот доказ за варењето пиво е најден во планините на Иран, во областа на древна Месопотамија. Фрагменти од бокал стар најмалку 5.000 години биле обложени со пивски талог кој и денес се јавува при правењето пиво.
Божицата на пиварството
Во древна Месопотамија, повеќето пивари биле жени. Дури имало и божица на пиварството, наречена Нинкаси. Во сочуваната поема во чест на Нинкаси се содржи и најстариот сочуван рецепт за пиво, со чекор по чекор упатство. Основачот на американската компанија за производство на алкохол, Анкор Бруинг Компани, го следел овој рецепт и успеал да направи пијалок кој можел да се пие без никаков проблем, кој содржел 3.5 проценти алкохол.
Од витално значење за кралот
До средниот век, пивото станало еден од најважните производи во Европа, особено во северна Европа кадешто тешко успевало грозјето неопходно за производство на вино. Карло Велики, кралот кој го обединил поголемиот дел од континентална Европа во деветтиот век, го сметал пивото за толку важно, што самиот обучувал пивари.
Илјада години пиварство
Денес пивото се флашира во шишиња и лименки и веќе не се сервира во глинени грниња со цевчиња, и не го прават само монасите. Најстарата пивара во светот била основана во Германија во 1040 година. Вајхенштефан е пиварницата која речиси илјада години ја одржува традицијата на производство на пиво. Тоа е нешто за што вреди да се наздрави.Луѓето правеле пиво уште од кога почнале да се занимаваат со житни култури. Но, во древните времиња, пивото било интегрален дел од дневната исхрана

Пронајдете не на следниве мрежи: