Научниците на ЦЕРН открија честичка што се спротивставува на законите на физиката!

Научниците на ЦЕРН, коишто работат на Големиот судирач на честички (ЛХЦ), изјавија дека е откриена нова честица што им пркоси на законите на физиката!Тие веруваат дека ќе пронајдат петта фундаментална сила во природата која е до шест пати потешка од Хигсовиот бозон.
Според зборовите на научниците, потребни се дополнителни испитувања што значи дека ќе има уште многу „судири“ наредната недела за да се соберат нови податоци. Научниците веруваат дека до летото 2016 година или ќе го потврдат, или ќе го негираат постоењето на оваа честичка.
Тие сметаат дека постои можност за постоење на честички потешки од Хигсоновиот бозон кои не можат да се објаснат со моменталните модели. Токму затоа веруваат дека со потврдувањето на постоењето на таквите честички ќе се создадат услови за изнаоѓање на нови честички, па дури и на петта фундаментална сила која во целост ќе го смени сето она што моментално го знаеме за физиката.
Професор Џон Елис, теориски физичар од Кралскиот колеџ во Лондон, изјави: „Тоа ќе биде нешто сосема надвор од рамките на стандардниот модел и почеток за откривањето на нови честички, доколку воопшто постојат такви.“
Истражувачите користеле два детектори – АТЛАС и ЦМС за да откријат нови честички и тоа со броење на случаите во кои честичките се распрснуваат на два фотона.
Тие веруваат дека тоа е добар начин за испитување на границите на физиката бидејќи е полесно детектирањето на фотоните, а научниците знаат што точно да очекуваат во резултатите.
Според извештаите, детекторите забележиле фотони со комбинирана енергија од 750 ГеВ, што е шест пати потешко од Хигсовиот бозон и 800 потешко од протонот.
Слично откритие доведе и до откривање на самиот Хигсов бозон.
Меѓутоа, разликата е во тоа што Хигсовиот бозон се однесуваше според стандардните модели, додека новата честичка не се однесува според стандардните модели. Со тоа се отвора сосема нов и неистражен свет за физичарите кој може да ги доведе до откривање на досега непознати честички и нови сознанија во областа на физиката.
Стандардните модели подразбираат дека сѐ во универзумот е направено од основни единици кои се нарекуваат „фундаментални честички“. Со овие фундаментални честички управуваат четири главни сили: електромагнетно поле, слабо нуклеарно и силно нуклеарно поле.
Наредниот месец ќе се спроведе нов судир во ЛХЦ, а потоа ќе се дознае дали постои или не постои петта фундаментална сила.Тие веруваат дека ќе пронајдат петта фундаментална сила во природата која е до шест пати потешка од Хигсовиот бозон.
Според зборовите на на

Пронајдете не на следниве мрежи: